Секако дека не очекувам одговор, не очекувам ни некој да дава совети како да не те фатат ако возиш пијан. Очекувам да се пропагира возење без да стегниш 1 пиво.
Што се однесува до брзините, и јас сакам да се +30 од тоа што се сега, но за жал нема. И во многу поразвиени држави од нашата ограничувањата по магистрален пат и автопат се исти како кај нас, со чест на исклучоци (Тетово-Гостивар, ако може да се каже автопат).
П.С. Моментално сум 3 месеци без возачка за брза вожња, не мислам да се правам светец и не мислам дека сум во право што сум возел 133 во тунел 
Е па, нека направат да е возењето строго без конзумиран алкохол, засега законот дозволува одреден процент.
Ако се направи така, ќе пропагирам и јас да не се пие кога се вози.
А иначе, за твојот случај, ти за џабе јадеш забрана, а можеби си немал добра одбрана или адвокат или никаква.
Според правилник, грешка за мерилата за брзина е 3% за брзини над 100 км/ч, така да ако кажале дека си бил
133, ти всушност си бил 129 што значи си бил +49 односно под +50 вон населено место што значи дека треба
да имало преквалификација на делото бидејќи во тунели ограничување е 80.
Разликата е дека за под +50 добиваш само 45 евра и БЕЗ ЗАБРАНА, а над +50 казна 300 евра или максимум 250
според законската граница за физичко лице и кркаш забрана 3-12 месеци.
Џабе истураш нервози бесцелно и беспотребно. Ти невин си осуден на престрога казна.
Има и финти за да се спасиш и сега, ама на адвокатите никој не му е гајле да проучи.
Жалам, навистина жалам за тебе. Иако, не е до тебе, судиите се ѓубриња, намерно сите ги зафркнуваат без
разбирање, а можеа да ти намалат на 1 месец според законите ако има околности, да немало загрозување
на безбедност (немало други учесници во сообраќајот на снимката) или прекршок по првпат или ти треба
за работа возачка или сл.
Суштински чекаат мито, затоа на никој не му олеснуваат. Ама не оди директно, преку посредник некој
„нивен“ адвокат или „нивен“ службеник или сл.