Според правилник, грешка за мерилата за брзина е 3% за брзини над 100 км/ч, така да ако кажале дека си бил
133, ти всушност си бил 129
Не туку бил над 133 или барем точно 133.
Мене летоска меѓу Радовиш и Струмица ме застанаа и баш во моментот кога ги здогледав и ја кренаа палката, одма поглед во табла и брзината беше 98-99 км/ч.
На радар ми рече дека бев 97 км/ч.
Тоа што ќе си помислиш дека те измериле повеќе од тоа што си возел е затоа што инстантно сите од нас кога ќе ги здогледаме полицајците, одма тргаме гас или удираме на кочница. Ама они веќе од претходно те имаат измерено. Кога ќе ги приметиш, веќе е доцна.
Исто како и јас, сигурно сум бил барем 100 км/ч ама кога ги здогледав само пуштив гас и одма ја крена палката, во табла 98. Што значи ете ти го тоа 3% 
А можеби тебе не ти е исправен брзинометарот?
Тоа помисли? Сите мислиме дека сме безгрешни.
Дали ти е некогаш баждарен? Сигурно не.
Јас колата од фабрика ја имам скоро 18 год. и спрема знаците кои дигитално мерат имам отстапувања.
Ама нема да баждарам. Скапо и непотребно.
Законите и праксата велат плус минус 3км/ч или 3%.
Дали си плус или минус никој не можи сигурно да кажи.
Иако треба да се примени и друг член 11 од правилникот кој вели од почетната мора да се одземи безбедна разлика по
збир вредности од табели.
5 години стара кола, шкода рапид. Така да со сигурност е точен брзинометарот
Согласно Правилник за определување на категориите и видовите мерила за кои е задолжителна верификација, постапките за
верификација, роковите на периодичната верификација, како и категориите и видовите мерила за кои може да се добие
овластување за верификација („Службен весник”, број 116 од 28.05.2021 година) во прилог 1 од истиот е содржана табела
согласно чија ставка 12 е за мерила за брзина на возила во сообраќајот на патиштата и според која период на верификација
(проверка) е 1 (една) година.
Бидејќи 1 година е помал период од 5 год., тебе брзинометарот не ти е правилно баждарен за да можи да се тврди дека дава
точен податок за брзина.