Зошто се секираш за другите. Гледај си за тебе.
Ти лично си застанал на булевар и си направил прекршок. Значи ти следува казна. Соодветно те казниле.
Воопшто нека не те интересира дали тие пред тебе ги казниле, му биле пријатели или што и да е.
Нареден пат се надевам дека си ја научи лекцијата и нема да блокираш булевар, па макат било и на „1 минута“.
Глупости.
Како да не се нервира човек.
Таму секој ден има неколку коли кој полиција не ги казнува.
Подоле, на истиот булевар кај комплекс банки пред Бисер, кај кафичот секој ден стојат коли. Полиција константно ги одминува.
Кај Порта Аеродром е општ хаос. Цело време има коли. Буквално. И да сакаш да застанеш прописно, нема каде. Улицата позади паркирани коли на 2та тортоара, нема каде да поминеш со количка за дете.
Кај Блок кафе преполно коли, и на паркингот кај школото, и по тортоарот.
Позади Порта Аеродром, кај градинката преполно од вработените во градинката и дуканите. Се блокираат самите себе.
Подоле по Шарло кај 3те Адора згради се е паркирано, скоро секогаш.
Повторувам, и да сакаш прописно да паркираш нема каде, мода да платиш паркинг.
И после 15 минути барање паркинг или вртење, застануваш на кратко да земеш нешто од пекара или банкомат, и ти лепат казна.
И да не се нервираш ?
КАКО ?
Како да не се нервираш кога секој ден ги гледаш како си се паркират за на кафе и пазаруваат во Тинекс.