од рубриката „Не е моја работа“:
Во неделата, креваа Кајен со пајак од ќошов. Топ. Браво. Башка со бирани таблици.
Јетито беше поставено кај П-то, за да му направи место на пајакот.
Додека поминував, 8 од 10 коли свртеа на забрането лево, пред Јетито и пред џандарот.
Од тие 8, 2 беа таксисти кои одма се паркираа пред Сити Мол на местото за таксисти.
Се затече едно бабе од пазар со торбите и баш пред пешачкиот му рече на џандарот:
- со овие што ти свртеа пред носот, што правиме?
- не сме за тоа тука
