Е па сеа, вака...
@тошошиба Вака, батка... Тебе стартната премиса врз основа на која го засноваш твоето тврдење, е скроз погрешна. Зошто?
Прво - документ за ЛИЧНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА во државава се ИСКЛУЧИВО ИЛИ ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА ИЛИ ВАЖЕЧКИ ПАСОШ.
Второ - возачка дозвола не е документ за лична идентификација, туку јавна исправа со која ти докажуваш дека имаш положено возачки испит, способен си самостојно да управуваш со моторно возило од одредена категорија и дека немаш изречено актуелна забрана за управување со моторно возило.
Полицаецот со барање на возачка не те легитимира, за тоа е личната карта или пасошот. Возачката ти ја бара да види дали воопшто имаш положено, да не и е измината важноста (исто како да немаш), да не имаш забрана и сл., веќе ти пишав погоре.
Шо да ти побара да види дали имаш положено, брис? Ученичка книшка? Диплома од курс за готвење?
Размисли ли што би се случило ако некој управува со украдено возило, и нему му побараат само сообраќајна? Како пример само...
Гледам се расфрлаш со членови и закони... За тоа се оди на школо, се студира, токму заради ова, да не се истрчуваме, не познавајќи ја основата (тука мислам на дефиницијата што воопшто е документ за лична идентификација).
Среќа полицајците ни се какви што се. Јас да сум, не само што ќе ја дадеш возачката, туку ќе ги искористам сите можни инструменти бар да те измалтретирам. На технички ќе те носам, ќе дуваш, и сл. А знам дека ќе најдам нешто и да те казнам успат.
Јас сум правник со положен правосуден и 10 години работно искуство, пред да прашаш.
Глупо ти е тврдењето, и ти препорачувам да не дискутираш повеќе, пошто не само "встаница" што си бил предмет на исмевање, и "вфорум" си веќе.
Ништо лично, btw.