Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1700791 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4973
  • Пиши лаже
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12225 на: 06 Декември 2021, 21:15:54 pm »
Не е така, ете тој кај млечен отепа чоек трезен со 10 на саат. Капак и не одговараше и ако не му беше прв пат.
Да ти се десит да се начукаш, ете и ти се десило да возиш цврцнат или. И  баџото сега вели така, ама ко бил начукан не мислел така, јбг.
Тија со бенвињата се мафеаши и без ракија, остај ги ти ними, башка муабет се.
~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~
Ко би заминал странство за да плаќам казна... па и не би се вратил, а најверојатно ако замине странство со повреме и не би могле да му наплатат казните. Е сега тамо вака ако напрај.... го оплодил ежот. А ако си странство можит и ќе немш прилина да пијаш.
Искрено не знам кој бил тој што отепал човек, ама со таа брзина да отепаш човек шансите се 1 од 10.000. Тоа дека не одговарал има доста случаеви и тука кај нас, каде што отепаа човек со 5 пати поголема брзина од пропишана во град, па не одговараа ништо, дали поради некој адвокат или поради мито на џандари/судеви и сл. не знам тоа.
Еднаш, само еднаш досега возев брзо низ град, со многу алкохол (можеби повеќе и од баџото). Среќа што беше рано сабајле и немаше ни човек ниту кола. Ако ми веруваш за тоа што го направив пред 5,6 години, ден денес се пцујам за таа глупост што ја направив. Фала Богу, не направив никаков инцидент или слично, но сам се пцуев уште вечерта кога паркирав.
Во глобала јас никогаш не ни возам брзо, на автопат не возам повеќе од 140/150км максимум.

Како и да е, стојам цврсто на тоа дека НИКОЈ дури ни брат ми не го оправдувам на таква глупост и стојам на тоа да биде казнет како што треба, согласно законите.

Џандарите - да не ги спомнуваме во директна корелација со настанов.
Сепак, не се виновни за сè (не се Бранко, јебига :D ).
ОСВЕН ако (а секогаш постои шанса) на сторителот му е насадено 1.9 промили бесправно.
Да, не се замешани директно џандарите овде, ама морав да ги спомнам бидејќи не ми се отвора уста да пишувам за нив. Повеќе прекршоци гледам од џандарски коли, него ли од останативе коли во сообраќајот.
И ќоро и сакато изнапикаа во Полиција и се прават Господ. Тој сиротиот 60кг, фанал ми се прекршува кога оди по улица. Ако го дувне појак ветер ке го однесе, ама битно он е џандар нели и се понаша како да е во роденото село...
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12226 на: 07 Декември 2021, 10:33:00 am »
Ова ми се случува вчера:

Ме сопира полиција и ми бара сообраќајна и возачка.

Ја давам сообраќајната и барам да ми даде причина зошти им с епотребни моите лични податоци (возачка). Според закон за сообраќај нели треба да имаат основано сомнение за лични документи а за сообраќајна мораш да ја дадеш за проверка на возилото. Ако сум грешка поправете ме. Истиов закон стои и во закон за полиција член 61, подточка 1.

Ми вели:
Ние сме полиција и можеме кога сакаме да побараме документи.

Јас пак прашувам: За која причина ви требаат моите лични податоци.
- За контрола господине.
Јас: За која причина?
- за контрола.
Јас ( ми скиснува и им ја давам ): Еве.
- излезете од колата и отворете багаж.
Јас отварам и не можам да најдам триаголник, таа во меѓувреме почнува да пишува казна, јас го најдов додека ја пишуваше и и реков еве го најдов.
- кога те прашав го немаше... дали сакаш да примаш налог.
Јас: не, затоа што го најдов.
- (другиот негов колега) Имаш плин, а имаш ли противпожарен апарат.
Јас: немам.
- Слободен си.


Ме ебаваат мене изгледа со ова на ти го дај ми го. И дали грешно постапив со тоа што барав причина да ми каже за што им требаа моите лични податоци или имаат право на нив на секоја рутинска контрола или мораат да имаат основано сомнение за да ги даваме ?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12227 на: 07 Декември 2021, 10:38:07 am »
Ти улав си, како знаат тие дали ти имаш возачка ако не има дадеш?
Предмет на исмевање беше тој ден встаница.

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12228 на: 07 Декември 2021, 10:40:49 am »
Ти улав си, како знаат тие дали ти имаш возачка ако не има дадеш?
Предмет на исмевање беше тој ден встаница.

си го прочитал законот за полиција, закон за вршење дејност за полиција и закон за безбедност за сообраќај или од трепка така ?

Сообраќајна контрола според казнениот законик се подразбира контрола на возилото а за контрола на личноста кое управува со возилото е втор предмет и надлега на легитимирање при основано сомнение за прекршок или казнено дело.

Ова со предмет на исмевање нешо као ау мау фраерски е ама прашањето не е за такви што не го ни прочитале законот.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12229 на: 07 Декември 2021, 10:43:49 am »
Ме ебаваат мене изгледа со ова на ти го дај ми го. И дали грешно постапив со тоа што барав причина да ми каже за што им требаа моите лични податоци или имаат право на нив на секоја рутинска контрола или мораат да имаат основано сомнение за да ги даваме ?

Казниво по закон е ако одбиеш да се идентификуваш, прај така друг пат да видиме како ке поминеш ;D
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12230 на: 07 Декември 2021, 10:47:03 am »
Ме ебаваат мене изгледа со ова на ти го дај ми го. И дали грешно постапив со тоа што барав причина да ми каже за што им требаа моите лични податоци или имаат право на нив на секоја рутинска контрола или мораат да имаат основано сомнение за да ги даваме ?

Казниво по закон е ако одбиеш да се идентификуваш, прај така друг пат да видиме како ке поминеш ;D

Казниво е ако одбиеш да се идентификуваш кога има основано сомнение. Кажи ми каде тука има спомнато дека се даваат лични документи. Ќе чекам: https://www.pravdiko.mk/vashite-prava-i-obvrski-pri-soobrakajna-kontrola/

П.С. Не одбив да се идентификувам, прочитај погоре, им дадов возачка, само барав да ми ја каже причината, не ми ја кажаа.

еве и текст од закон за полиција член 61.1:
Член 61
(1) Полицискиот службеник е овластен да изврши сопирање, легитимирање, преглед
односно претрес на лице, превозното средство и багажот кој лицето го носи со себе, кога
тоа е неопходно заради пронаоѓање на предмети за напад или самоповредување или кога
постојат основи за сомневање дека кај нив ќе се пронајдат предмети кои потекнуваат од
кривично дело или прекршок, траги на кривично дело или прекршок или предмети што
можат да послужат во кривична или прекршочна постапка.


И член 38.3:
Полицискиот службеник е должен да го запознае лицето за причините за
проверката на неговиот идентитет.
« Последно менување: 07 Декември 2021, 10:52:29 am тошошиба »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17300
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12231 на: 07 Декември 2021, 10:52:02 am »
Многу глеаш видеа од американци што се курчат на полиција за да станат популарни.

Закон не сум читал ама проста, едноставна логика е полицијата да врши контрола на тоа дали возачот има валидна дозвола да управува со кола, и дали колата со која управува има валидна регистрација.

Ако требало да се буниш за нешто, тоа е за отварањето гепек, за тоа им треба налог ама сите го правиме зошто немаме што да криеме.

Со тоа што си одбивал дад адеш документи си се направил сомнителен. Намали со видеата малце, за твое добро. :)

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12232 на: 07 Декември 2021, 10:54:52 am »
Многу глеаш видеа од американци што се курчат на полиција за да станат популарни.

Закон не сум читал ама проста, едноставна логика е полицијата да врши контрола на тоа дали возачот има валидна дозвола да управува со кола, и дали колата со која управува има валидна регистрација.

Ако требало да се буниш за нешто, тоа е за отварањето гепек, за тоа им треба налог ама сите го правиме зошто немаме што да криеме.

Со тоа што си одбивал дад адеш документи си се направил сомнителен. Намали со видеата малце, за твое добро. :)

Не знам за што збориш ама ова е Македонија, и има закон за се, не сме дивиот запад. Ако ти речат тебе гол да се соблечеш по твојата логика треба на се и сешто ДА да им кажеш. Прашањето не од типот „Дали си гледал јутуб видеа од американци“, туку дискусија за Македонскиот законик.


И пак ќе спомнам, читајте убаво пред да пишете нешто. Не одбив ништо, им дадов документи, само барав причина кое е мое право според закон.
« Последно менување: 07 Декември 2021, 11:11:59 am тошошиба »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12233 на: 07 Декември 2021, 11:12:39 am »
@MartinAlfista Дали си сигурен дека овластено чице (полицаец), треба да поседува налог за преглед на багажен простор (ѓепек) ?. Прв пат слушам од тебе.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12234 на: 07 Декември 2021, 11:17:16 am »
Ги фате неспремни.
Јас ќе ти речев се сомневаме дека возиш без возачка даозвола, дај ја сега...

За отворање гепек, мораш да го отвориш, каков налог, освен ако на предно седиште ја носиш задолжителната опрема за возило. Мене пример, триаголникот на маска напред ми е, да не станувам да отворам назад. Гумата ми е кај моторот како на 101, му го тргам гребенот само, сами ја креваат хаубата, какво излегување од кола.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7307
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12235 на: 07 Декември 2021, 11:18:36 am »
Абе тошиба прав си, ама не си ти за балканов. Отсели се со време во Америка/Германија/Скандинавија.

Поздрав, секое добро.


@MartinAlfista Дали си сигурен дека овластено чице (полицаец), треба да поседува налог за преглед на багажен простор (ѓепек) ?. Прв пат слушам од тебе.

Не ги мешајте поимите преглед и претрес, не е исто.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12236 на: 07 Декември 2021, 11:22:27 am »
Логично е да се даде на увид возачка дозвола, друг е проблемот што најверојатно неписмени пишуваат закони.

Таков пример е со светлата за преку ден кој отприлика велеше најмалку соборени светла, што значи може и повеќе од соборени, односно дугачки светла :'(

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12237 на: 07 Декември 2021, 11:23:47 am »
Абе тошиба прав си, ама не си ти за балканов. Отсели се со време во Америка/Германија/Скандинавија.

Поздрав, секое добро.


@MartinAlfista Дали си сигурен дека овластено чице (полицаец), треба да поседува налог за преглед на багажен простор (ѓепек) ?. Прв пат слушам од тебе.

Не ги мешајте поимите преглед и претрес, не е исто.

Не знам за каде сум ама кај нас менталитетот е што и да му речеш на полицаец (кој врши дејност според закон) ќе ти речат „се курчиш ко американциве“. Затоа и цела држава ни продадоа од таков нихилизам.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7307
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12238 на: 07 Декември 2021, 11:27:00 am »
Абе тошиба прав си, ама не си ти за балканов. Отсели се со време во Америка/Германија/Скандинавија.

Поздрав, секое добро.


@MartinAlfista Дали си сигурен дека овластено чице (полицаец), треба да поседува налог за преглед на багажен простор (ѓепек) ?. Прв пат слушам од тебе.

Не ги мешајте поимите преглед и претрес, не е исто.

Не знам за каде сум ама кај нас менталитетот е што и да му речеш на полицаец (кој врши дејност според закон) ќе ти речат „се курчиш ко американциве“. Затоа и цела држава ни продадоа од таков нихилизам.

Проблем е што полицаецот врши дејност според закон, ама не го знае законот. Прво, 90% од застанувањата им се НЕБЕЗБЕДНИ, и затоа ги газат и гинат секој втор месец. За понатаму да не коментирам. ;D ;D ;D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3260
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12239 на: 07 Декември 2021, 11:41:44 am »
Има право да те легитимира, по основ да провери дали имаш положено за управување со моторно возило, сомнежот е тој. Немам нерви да се тегнам, да не му давам возачка и слично, ама гепек отварање мало морген, што има да ми гледа у гепек ако нема налог за претрес.
Кога ми бара опрема, , отворам задна врата, соборувам седиште и му давам опрема да види. Тоа го правам од причина што возилото се води на фирма и знам дека ќе ме малтретира ако носам нешто во гепек, како на пример еднаш еден се правеше паметен зошто количката од детето ми била во гепек, за после тоа да се убедуваме за ПП апарат. Упорен беше дека возилото се водело на фирма и мора да поседува ПП Апарат, јас се убедував дека возилото е патничко и без оглед што се води на фирма не треба да поседува ПП апарат и така...