Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1851653 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11850 на: 28 Јули 2021, 21:35:23 pm »
Никаде не пишува 400е казна.

Снимање на возило и лице е различно, возилото не можиш да го дефинираш како лични простории. Ќе го заматиш суратот ако му се гледа ко ќе те мава и то е то, поминува снимката на суд.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11851 на: 28 Јули 2021, 22:18:56 pm »
Почлен 152 те гони лицето што си го снимил со приватна тужба, а по 369 полицијата затоа што само тие се овластени да снимаат.


Цитат
Неовластено снимање
Член 152
(1) Тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео
снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност,
повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги
пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува
со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една
година.
(2) Ако делото од став 1 противзаконито го стори службено лице во
вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(3) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична
казна
(4) Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба.

Снимање јавен простор и сообраќај не е исто што и "stalking" oдносно снимање со умисла на специфичен поединец. Тој член 152 се однесува на снимање со умисла на поединец, не за рандом снимање на јавен простор во кој улетал некој поединец... Но се согласувам дека член 152 сигурно би опфатил објавување на таквиот материјал, тоа е веќе нешто друго.

А тој член 369 никаде не вика дека само полицијата има право да снима. 369 буквално само им дава права на полицијата на снима што сака, но навистина не знам таму каде ти виде забранување на снимање јавен простор од физички лица... Можеби јас сум грешка а ако грешам - можеш ли да цитираш таков дел каде изричито се кажува тоа што ти го кажуваш?


Според „толкувањево“ само дома можеш да снимаш/сликаш?
Тежок нон-сенс.

Ова испадна како некој вид на урбан мит. Се работи за некоја „сива област“, не е изричито ни забрането ни дозволено, ама рандом портали го раширија муабетот па сега толку се рашири целата работа што и рандом неписмени џандари почнале да малтретираат луѓе.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11852 на: 28 Јули 2021, 22:23:29 pm »
Цитат
Тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11853 на: 29 Јули 2021, 00:34:07 am »
Тогашш.. јас како видеограф треба да лежам доживотно, бидејќи сите снимки на концерти и настапи ми се без согласност.

Баш како што вика @Van - само дома можеш да снимаш/сликаш??

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11854 на: 29 Јули 2021, 00:52:02 am »
Луѓе дали сте нормални шо зборите? Сообраќајците и општо полицајците низ државава знаат едвај 5-6 членови од закон и работат само по тие. Абе некој треба да напише службена белешка за снимање за ова за она, да си отвори работа да пишува материјал. Абе они не сакаат да приведат некој што треба. бегаат од работа зашто после треба 2 саати документација да средуваат. :) А вие зборите дека ќе го нашле член 152 став 3-а точка 6. Оф леле...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11855 на: 29 Јули 2021, 00:52:52 am »
Ако не е забрането, дозволено е. Не е сива област.

На јавен простор не постои приватност. Нарушување на приватност се однесува на работи што ги правите во својот дом, тоалет, канцеларии од затворен тип. Приватност немате скоро никаде од моментот кога ќе излезете од домот.

Забрането е снимање/сликање со сомнителна умисла на државни згради од типот на Влада, Собрание, било кое министерство. Исто така е забрането и прелетување со дронови над овие објекти.

Донесоа лани закон со кој се забранува снимање на полицајци како ја вршат својата работа, тој закон е противуставен и ако на некој му пишат казна по тој закон и се тужи веројатно ќе добие голема сума на пари.

369 им дава овластување на МВР да “снимаат“ затоа што добија нови радари што сликаат пред некоја година, и да можат тоа како веродостоен доказ да го користат како институција во случај некој да мудрува на празно дека требало налог или нешто на јавна површина да го сликаат.

@NNN ако мислиш дека е забрането оди слободно поднеси тужба против било која фирма или физичко лице што има камери поставено да видиш до каде ќе стигнеш.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11856 на: 29 Јули 2021, 01:25:32 am »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11857 на: 29 Јули 2021, 01:29:26 am »
Јас сум вчудоневидозапреупропастен!

Зарем постои вакво нешто во Македонија?!

Мајко мила... Во држава каде што се оди затвор за шеснаес ќепапи од Дестан и (доста често) за џабе...

Извини, златен, што ти го ебав линкот.
Ама не издржа срце јуначко :)))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11858 на: 29 Јули 2021, 07:43:13 am »
Луѓе дали сте нормални шо зборите? Сообраќајците и општо полицајците низ државава знаат едвај 5-6 членови од закон и работат само по тие. Абе некој треба да напише службена белешка за снимање за ова за она, да си отвори работа да пишува материјал. Абе они не сакаат да приведат некој што треба. бегаат од работа зашто после треба 2 саати документација да средуваат. :) А вие зборите дека ќе го нашле член 152 став 3-а точка 6. Оф леле...


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11859 на: 29 Јули 2021, 18:44:13 pm »
Ако не е забрането, дозволено е. Не е сива област.

На јавен простор не постои приватност. Нарушување на приватност се однесува на работи што ги правите во својот дом, тоалет, канцеларии од затворен тип. Приватност немате скоро никаде од моментот кога ќе излезете од домот.

Забрането е снимање/сликање со сомнителна умисла на државни згради од типот на Влада, Собрание, било кое министерство. Исто така е забрането и прелетување со дронови над овие објекти.

Aбе сѐ е ова нормално и логично, што го зборуваш. Ама наведениот член 152 е доволно нејасно/недообјаснето/недефинирано напишан да во дадена ситуација може да толкуваат како сакаат и да те најдат „крив“... И мислам дека намерно вака ги пишуваат многу закони.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11860 на: 01 Август 2021, 00:15:55 am »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11861 на: 02 Август 2021, 13:19:20 pm »
имаше дискусија тука околу фолиите, па завчера и јас имав искуство со плави оркестар

ме застанаа после католичка, измеѓу 22:00-22:30 побара документи, му дадов

- имате пиено алкохол?
- не, бевме со децата да прошетаме

- јас не можам да знам дали си со деца или не, затемнети ти се стаклата и ништо не гледам
- океј, еве - спуштам прозорот

- стаклата ти се затемнети, а не се заведени во сообраќајна
- фабрички се затемнети, а зошто не се заведени јас не би знаел
- ај крени предното стакло....еве ова се гледа дека не е затементо, а задното дека е затемнето
- да, затемнето е и тоа и задното на гепек, не е затемнето со фолија туку стаклата се фабрички затемнети
- знаете дека може сега да ја конфискуваме колата и во вторник да ја однесеме на вонреден технички?
- не, не знам, ама ако решите да ја конфискувате, бар префрлете ги децава до дома

почна да стиска со устата,
- излези од возилото

излагам, вади дрегер, ми кажува упатство, дувај ми вика
- пиши таму 0,0

отиде до колата, се враќаат двајцата
сега вториот:
- господине казната за затемнети стакла е 300 евра знаете?
- не знам, ама ако може да ги извадиме тука фолиите да не платам казна би било супер
- па нели немаш фолии?
- немам, ама казната од 300 евра е веројатно за дополнително затемнети стакла, за мове одлучил некој во фабрика

- видете господине, без разлика, затементите стакла мора да стојат во сообраќајната дозвола
- а зошто моите не се заведени во сообраќајната дозвола? ќе може да прашате некој од колегите во МВР

па сега првиот си оди во кола, останува вториот
- види, ист проблем имаше татко ми, од фабрика затементи, не заведени, ама мораше да направи атест. Ние можеме сега да го запланиме возилото во понеделник да го носиме на вонреден технички. Уствари празник е во понеделник, во вторник треба да го носиме
- господине, колава е увезена од овластен импортер пред 11 години, хомологирана е како ваква пред 11 години и има поминато 11 технички прегледи до сега, зошто би требало нешто да се констатира на овој вонредниов, а не било забележано изминативе години? Чива е грешката и каде сносам јас вина?
- види, обично не ги пишуваат дека е дополнителен трошок 1.000-1.500ден. па да не ве ставаат на дополнителен трошок

тука веќе се насмевнувам и го прашувам:
- 1.000 ден. да не ме стават на трошок за да попијам казна или друга е причината?
...
...
- ајде господине, да не правиме проблеми, со деца сте, сега сте слободни, а во вторник да одите да ви ги запишат во сообраќајна
- в ред, нема проблем

гледа уште во документите:
- работиш?
- да
- што работиш?

јас веќе го гледам со крената веѓа
- наставник сум по ОТП во основно
- во ред господине, имајте убава вечер


ај мене што ме малтретираше, тоа помина, ме изнервираа и тоа помина
ама најкриво ми е што мораа децата да гледаат и да се исплашат дека нешто ми прават, односно ќе направат додека се објаснував со нив надвор

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11862 на: 02 Август 2021, 13:42:09 pm »
ај мене што ме малтретираше, тоа помина, ме изнервираа и тоа помина
ама најкриво ми е што мораа децата да гледаат и да се исплашат дека нешто ми прават, односно ќе направат додека се објаснував со нив надвор
Па ти објасни им на децата дека они се тука to serve and protect.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11863 на: 02 Август 2021, 13:51:49 pm »
Вграден фабрички плин иде ли на атест кај нас?
Исто би важело и за стаклата по балканска логика.

Не дека е исправно, али толку е капацитетот на поднебјево, бидејќи некои членови од закон се останатаи или препишани од времето кога Москвичи се возеа.

Кај мене и предните и задните се приметно затемнети фабрички.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11864 на: 02 Август 2021, 14:08:29 pm »
Кога се возеа Москвичи, ниту имаше фолии, ниту плин, така да ништо не е останато или препишано.

А прашање е дали е и било што напишано за фабрички затемнети да мора да бидат впишани во сообраќајна.