Здраво луѓе, бидејќи сум нов возач кој е исклучително демотивиран, решив тука да го споделам моето 8 месечно искуство.
По сите процедури чекање за автошколи уште од јули, вадење крвна група и лекарско во сред корона со 100 луѓе, полагање со задоцнување од еден месец итн. во месец јануари конечно положив градска. Среќен одам во полицијата, радувајќи се дека конечно завршив со сите процедури.
Одам да се сликам и веднаш ме испратија дома, бидејќи се закажувало порано термин, исто така ми кажаа дека треба да извадам мали слики и да пополнам барањето. Си реков ОК , не сакат да има гужва,требаше да закажам. Закажувам термин наредниот ден, но сепак чекам околу 1 час бидејќи пред мене влегоа луѓе изгледа или без термин, или пак се имале од порано закажано. Сликарот ми вели, аа не ти требат овие сликички(иако ги платив), и ми вели дали сакаш по редовна или под итна постапка. Му викам по редовна за колку време стига? 15 дена ќе биде готова дечко. Пазете, лани во јануари или фебруари мајка ми чекаше 4 месеци за да извади пасош, со тоа што и пропадна едно патување, па реков за секој случај да прашам.
Поминуват 10,11 дена ,одам да си ја подигнам возачката. Дечко, немаме пластики. Ќе треба да чекаш месец дена. Па добро, дали се нормални? Им велам смеам ли да возам со потврдата, нели додека да стигнат пластиките. Не,може да те казне полицаец. Тоа беше на средина на јануари, сега бев пред 5 6 дена, ми го кажаа истото, за неколку месеци МОЖЕБИ ќе биде. Ме интересира дали некој имал слично искуство и зошто ова се случува, се почесто во Македонија?