Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1873952 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11640 на: 21 Февруари 2021, 20:39:55 pm »
Најверојатно барале некого. И мене ми се има случено, и тоа ви ниедно време ноќе.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11641 на: 21 Февруари 2021, 20:51:43 pm »
Исто, често има на островчето на Водњанска, кај Рандеву со рандом возило.

Ги имам прашано во 1 навечер зошто ме запираат, ми рече дека бараат осомничени.

Добро што си застанал, ништо не си изгубил :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5886
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11642 на: 21 Февруари 2021, 20:56:21 pm »
Да,но може да биде и крадец.

Sent from Poco X3 NFC using Tapatalk


Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11643 на: 21 Февруари 2021, 20:57:26 pm »
Секогаш застанувам, сега не видов дека е полиција. Подзастанав реков некој квар да не е во прашање, некој светка со батерија, тој ми вика дај ми возачка и сообраќајна. Додека се свестив... :) Од ништо може после проблем да ти направат. Си избегал на контрола, бла бла, да се чудиш кај била контролата, а таа до тебе скриена :)
Едит: Точно. Да не беше релативно рано 6пм, немаше да им застанам. Од кај да знам кој ми свети од темници. Во црно и со неоележана кола

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11644 на: 21 Февруари 2021, 21:54:53 pm »
Не знам кој им е филмов на полицајциве. Ме стопира контрола, полицаецов облечен во црна униформа, без палка, без зелен елек, во темна уличка застанат и со црвена цивилна кола. Светеше со батериска ламба да застанам, мислев на некого колата му е расипана. Можев да продолжам, да не го видам, па да испадне после сум избегал од полиција. Страшна работа

На такви двапати до сега не сум застанал.
Светкај ти колку сакаш во 4 саат сабајле необележан.

Што се однесува до мене, може било кој да е.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1364
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11645 на: 21 Февруари 2021, 22:58:34 pm »
Вчера втор пат налетувам на рандом застанати џандари на среде улица поточно среде раскрсница вчера кај стокомак влае нити ме запреа ни ништо ги заобиколив со жмигавец, ваљда не утнав, првиот пат двете ленти блокирани со две возила кај цементара, подзастанав ги заобиколив на дупла пуна у 1 саат сред ноќ. Обично имаат навика да ме застнат вака рандом само ме збунуваат

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10487
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11646 на: 21 Февруари 2021, 23:42:09 pm »
Не знам кој им е филмов на полицајциве. Ме стопира контрола, полицаецов облечен во црна униформа, без палка, без зелен елек, во темна уличка застанат и со црвена цивилна кола. Светеше со батериска ламба да застанам, мислев на некого колата му е расипана. Можев да продолжам, да не го видам, па да испадне после сум избегал од полиција. Страшна работа
се знајт како се застануват.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6167
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11647 на: 21 Февруари 2021, 23:58:26 pm »
Никаде јас не сум потпишан. Случката беше на другиот крај од државава. Ако ме викаат таму, ќе треба цел ден да изгубам во превоз. И за што да идам, за да им кажам дека појма немам.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk



Најверојатно ќе добиеш покана.

Обрни внимание колку време имаш на располагање од приемот на истата, да го оправдаш евентуалното отсуство и дали ќе ти дадат можност исказот да го дадеш писмено.

Ако може, напиши една изјава, завери на нотар потпис и прати ја со розева повратница по пошта, со назнака на бројот на предметот.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11648 на: 22 Февруари 2021, 07:39:58 am »
Ќе се докажувам до утре ако треба, закон вика сигнализација, тоа нема, го извадија знакот под надвозникот за Маџари кој беше 80кмч.
Што ќе се докажуваш кога има уредно нацртана хоризонтална сигнализација? Кога нема вертикална важи хоризонталната.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11649 на: 22 Февруари 2021, 08:06:30 am »

Најверојатно барале некого. И мене ми се има случено, и тоа ви ниедно време ноќе.

Мијалков го барале, само што би барал он во наши гепеци...

Отсутен gclass2017

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11650 на: 22 Февруари 2021, 14:39:12 pm »
Здраво луѓе, бидејќи сум нов возач кој е исклучително демотивиран, решив тука да го споделам моето 8 месечно искуство.
По сите процедури чекање за автошколи уште од јули, вадење крвна група и лекарско во сред корона со 100 луѓе, полагање  со задоцнување од еден месец итн. во месец јануари конечно положив градска. Среќен одам во полицијата, радувајќи се дека конечно завршив со сите процедури.

Одам да се сликам и веднаш ме испратија дома, бидејќи се закажувало порано термин, исто така ми кажаа дека треба да извадам мали слики  и да пополнам барањето. Си реков ОК , не сакат да има гужва,требаше да закажам. Закажувам термин наредниот ден, но сепак чекам околу 1 час бидејќи пред мене влегоа луѓе изгледа или без термин, или пак се имале од порано закажано. Сликарот ми вели, аа не ти требат овие сликички(иако ги платив), и ми вели дали сакаш по редовна или под итна постапка. Му викам по редовна за колку време стига? 15 дена ќе биде готова дечко. Пазете, лани во јануари или фебруари мајка ми чекаше 4 месеци за да извади пасош, со тоа што и пропадна едно патување, па реков за секој случај да прашам.

Поминуват 10,11 дена ,одам да си ја подигнам возачката. Дечко, немаме пластики. Ќе треба да чекаш месец дена. Па добро, дали се нормални? Им велам смеам ли да возам со потврдата, нели додека да стигнат пластиките. Не,може да те казне полицаец.  Тоа беше на средина на јануари, сега бев пред 5 6 дена, ми го кажаа истото, за неколку месеци МОЖЕБИ ќе биде. Ме интересира дали некој имал слично искуство и зошто ова се случува, се почесто во Македонија?




Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5886
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11651 на: 22 Февруари 2021, 14:55:42 pm »
Јас во средата се сликав за нова категорија да се додаде во возачката (Ц),жената ме предупреди по нормална постапка процедурите траат и по 3 месеци,по брза постапка за 1 недела стасувала,јас ќе одам во четврток да си ја земам,платив 1100 денара за брза постапка,сликичките веројатно за возачка книшка ти ги побарале за негативни поени,мада мислам оти веќе нема негативни поени.

Sent from Poco X3 NFC using Tapatalk

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6167
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11652 на: 22 Февруари 2021, 15:18:46 pm »
Здраво луѓе, бидејќи сум нов возач кој е исклучително демотивиран, решив тука да го споделам моето 8 месечно искуство.
По сите процедури чекање за автошколи уште од јули, вадење крвна група и лекарско во сред корона со 100 луѓе, полагање  со задоцнување од еден месец итн. во месец јануари конечно положив градска. Среќен одам во полицијата, радувајќи се дека конечно завршив со сите процедури.

Одам да се сликам и веднаш ме испратија дома, бидејќи се закажувало порано термин, исто така ми кажаа дека треба да извадам мали слики  и да пополнам барањето. Си реков ОК , не сакат да има гужва,требаше да закажам. Закажувам термин наредниот ден, но сепак чекам околу 1 час бидејќи пред мене влегоа луѓе изгледа или без термин, или пак се имале од порано закажано. Сликарот ми вели, аа не ти требат овие сликички(иако ги платив), и ми вели дали сакаш по редовна или под итна постапка. Му викам по редовна за колку време стига? 15 дена ќе биде готова дечко. Пазете, лани во јануари или фебруари мајка ми чекаше 4 месеци за да извади пасош, со тоа што и пропадна едно патување, па реков за секој случај да прашам.

Поминуват 10,11 дена ,одам да си ја подигнам возачката. Дечко, немаме пластики. Ќе треба да чекаш месец дена. Па добро, дали се нормални? Им велам смеам ли да возам со потврдата, нели додека да стигнат пластиките. Не,може да те казне полицаец.  Тоа беше на средина на јануари, сега бев пред 5 6 дена, ми го кажаа истото, за неколку месеци МОЖЕБИ ќе биде. Ме интересира дали некој имал слично искуство и зошто ова се случува, се почесто во Македонија?





На 18.01. се сликав.

Ми кажаа после осми март да проверам. Можеби.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11653 на: 22 Февруари 2021, 15:34:17 pm »
На 8 јануари имав закажано за обнова на возачка, ми рекоа за 10 дена ќе биде готова.
Се заборавив, отидов да ја подигнам при крај на јануари.

Изгледа во меѓувреме им паднал "системот" ;D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11654 на: 22 Февруари 2021, 18:46:56 pm »
Од познаник кој скоро положи, за чекање да биде готова возачката мање више ќе има чекање, него му побараа и сликички за возачка книшка?!

Што улога врши возачката книшка сега кога се укинати и не важат повеќе негативните поени?!