Поднесов за нова возачка, ми вика после Св. Трифун ќе си провериш дали ти е готова.
1 МЕСЕЦ. Али јеби га, тоа е.
Околу книшките прашувам, ми вика "на нас никој ништо ни нема кажано, ама чувај ја". Аха, ОК. Пред 5 минути ја фрлив во печката. Еба ви...
@Power to the people - барањето ми помина ИСКУЦАНО И ОТПЕЧАТЕНО, FYI.
Мада, му го давам и ми вика "па што не си го пополнил барањето?", а доле потпишано. Му викам "пополнето е, испечатено е". Го загледа поубаво, и ни А ни Б.
#facepalm
П.С. крвна група испадна дека само во Гевгелија бараат. Кога бев да ми земаат крв во болница, имаа посебен шалтер за таа работа, што значи на сите бараат. Само, сестрата ми вика дека се консултираат со колеги од други општини, и дека никаде на друго место не барале.
Бог да чува.