Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1874394 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5623
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11460 на: 10 Јануари 2021, 13:13:00 pm »
Носам стално ама испод ролка ми се.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11461 на: 11 Јануари 2021, 14:53:49 pm »
Официјално не важат веќе книшките.
https://www.slobodenpecat.mk/stapi-vo-sila-noviot-zakon-za-soobrakaj-namaleni-kazni-no-i-poveke-mozhnosti-za-odzemane-vozilo-ili-dozvola/

Возачката престанува да ми важи на 02.02.

Закажав за нова пред недела дена, за утре во 10 часот и 12 минути (!).

Спремен се, со барања на компјутер искуцани, копии од лична карта и возачка, пополнети барање и пријава (!) за нова возачка книшка, слики, се-се.

Гледам што треба од веб страната на МВР.

Сабајлево, викам "ај јави се, прашај да не ти фали нешто, да не те враќаат утре". Се јавувам во МВР Гевгелија, ми кажува, се што ми е спремно, во ред ми е и плус ПОТВРДА ЗА КРВНА ГРУПА. Му викам за шо ми е, ја пишува на возачката, А+. Е па, треба, ми вика. Каде да ја барам? Во здравствена книшка, ми вика.

Отворам книшка, не пишува нигде.

Прашувам за возачка книшка, ми вика не треба, ако имаш. Имам викам, ама оштетена е, да ја заменам. Нека е така, ми вика. Прашам - да ја фрлам? Не, МОЖЕ ќе треба. #facepalm

Се јавувам во централа во МВР во Скопје, прашувам зошто ми е крвна група кога веќе ја имате во систем, како сте ми ја пишале во оваа возачка? Одговор - е па, треба.

Прашувам за книшка - ааааа, треба, како не. Со новата возачка и нова книшка.

Луд јебе збуњеног. Фасцинантно е колку не знаат, колку не се во тек и колку не се искоординирани. Никој да ти објасни зошто уствари крвна група, кога веќе имам. "Е па, треба" не треба да е одговор на службеник. Излажи, јеби га, "нов закон имаме, нови правилници, сакаме базата на податоци да ја средиме за не дај Боже, бенчмарк од ЕУ ни е...". Ништо. Гола вода.

Се јавувам на матичниот. Викам, крвна група? Ааааа, ќе си платиш и ќе почекаш 3-4 дена за резултат. Викам, каде да одам и колку се плаќа? Види за побрзо на приватниве клиники, 700 денари. ОК, викам, фала лепо.

Се јавувам во две клиники, аха, може, во петок резултати, за Скопје ги праќаме. Викам, колку кошта услугата? 1500 денари. Викам, и вие и овие од МВР, не сте нормални. 1500 мајки да ви се изнаебам. 1500 факин' денари, бе.

Ѕвонам во Општа болница Гевгелија. Добар ден, вака-и-вака. Во ред, кажи ми име и презиме, во петок во 8.30 имаш закажано. Викам, колку се плаќа? 500 денари. Резултат кога? За 2-3 саати, истиот ден.

Ај сеа... Некој нека ми објасни, пошто еве, јас глуп сум и ништо не ми е јасно.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5623
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11462 на: 11 Јануари 2021, 15:05:58 pm »
Шо е ова побогу, баш летоска продолжив,  Битола има до полициска едно Услуга + седнав кај таа тетката ми пополна све,  ми закажа и ми уплати пари преку нејзин компјутер и ми наплати 50 денари  за цела услуга ако не се лажам.. Да не се немаш разбрано да не мислат за прва возачка шо те дават за крвна група.. Незнам..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11463 на: 11 Јануари 2021, 15:13:21 pm »
Значи, сигурен сум, прашував ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЗАЧКА ЗАРАДИ ИЗМИНАТА ВАЖНОСТ.

Може 30 дена пред истек на важност, најрано.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11464 на: 11 Јануари 2021, 15:33:06 pm »
Јас никого не прашував, си закажав, си отидов на закажано, си пополнив барање, приложив на увид лк и вд, ме сликаа, ми наплатија и ми рекоа за 10 дена ќе биде готова.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6487
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11465 на: 11 Јануари 2021, 16:38:42 pm »
Татко ми знам пред некој месец му истече старата, вадеше нова и никој не му побара папир за крвна група.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11466 на: 11 Јануари 2021, 18:40:45 pm »
Еве да речеме и стварно да треба податок за крвна група во најлошо можно сценарио. Не е податок ова што се менува на 2-3-5 години, тоа е константа, ако еднаш потврдиле дека е А+ ќе биде секогаш А+, надежно.

Жалам што си поминал низ такво патешествие, те изнамачиле максимално за ништо.

И јас во март 2020та продолжував, не ми побараа апсолутно ништо како сите над мене што пишале. Си закажав онлајн, кажав во СВР Прилеп дека со онлајн термин сум, во 20тина минути си завршив.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 419
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11467 на: 11 Јануари 2021, 23:30:53 pm »
Шо е ова побогу, баш летоска продолжив,  Битола има до полициска едно Услуга + седнав кај таа тетката ми пополна све,  ми закажа и ми уплати пари преку нејзин компјутер и ми наплати 50 денари  за цела услуга ако не се лажам.. Да не се немаш разбрано да не мислат за прва возачка шо те дават за крвна група.. Незнам..
И за прва возачка да е нема што од МВР да бараат се тоа си има пишано во лекарското уверение.

Или земаат некој процент од лабараториите со што ќе испраќаат за проверка на крвна група или се немаат разбрано.

На нивната страна не пишува дека е потребна потврда, само лекарско за 70+ годишни и Ц и Д категорија. Ама пак нема да нагласат потврда за крвна група демек секоја година се менува.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11468 на: 12 Јануари 2021, 00:11:42 am »
Аман бе луѓе, крвна група за возачка хаха. Јас од Германија преку интернет закажав термин, појдов пред Свр Битола,  на лице место пополнав барање и се сликав. За 2 недели беше готова.
Ова пред 2 месеци.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6488
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11469 на: 12 Јануари 2021, 07:52:40 am »
Официјално не важат веќе книшките.
https://www.slobodenpecat.mk/stapi-vo-sila-noviot-zakon-za-soobrakaj-namaleni-kazni-no-i-poveke-mozhnosti-za-odzemane-vozilo-ili-dozvola/

Возачката престанува да ми важи на 02.02.

Закажав за нова пред недела дена, за утре во 10 часот и 12 минути (!).

Спремен се, со барања на компјутер искуцани, копии од лична карта и возачка, пополнети барање и пријава (!) за нова возачка книшка, слики, се-се.

Гледам што треба од веб страната на МВР.

Сабајлево, викам "ај јави се, прашај да не ти фали нешто, да не те враќаат утре". Се јавувам во МВР Гевгелија, ми кажува, се што ми е спремно, во ред ми е и плус ПОТВРДА ЗА КРВНА ГРУПА. Му викам за шо ми е, ја пишува на возачката, А+. Е па, треба, ми вика. Каде да ја барам? Во здравствена книшка, ми вика.
...

Извини вака, ама сам себе се заеба ти, простото сложено го правиш.

Kај го најде онлајн барањето па и на компјутер да го пополниш, од каде знаеш дека е истото встаница со пенкало што се пополнува и такво го бараат? Не е ова CV па на компјтер да го куцаш, документ ваков скоро секаде ќе ти го вратат. Линиите со пенкало се пополнуваат.

Каде прочита копија од лична карта и возачка?

Не знам дали читаш барем овде или портали или муабети од луѓе, дека сите казни сега се плаќаат веќе 1 година, кај ти текнало возачка книшка да бараш, кој пишал поени во последно, и да сакаш не можиш. Па и слики си извадил.  :-X

Ај грешни линкови што си отворал, па и грешка си направил што си се јавил, ти кренал некој кој и самиот не знае како дошол на работа не пак да ти кажува што да правиш.
После буквално крвој ти е работата со матични, болници, лаборатории итн...

Ова требаше ти да го видиш:



Уште покрвој ќе биди мојов одговор ако нешто навистина позначајно се смена со новиов закон во 2021ва во врска со начинот на вадење на возачките.
Летото јас ја обновив месец и пол пред време, никој ништо не рече.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11470 на: 12 Јануари 2021, 09:05:04 am »
Таков сум јас, мутав.

Барањето е тоа, нема топла вода да измислуваме. Го има на веб на МВР. Пополнувам пред време, да не стварам гужви и јас да не губам време. Од такви што таму пополнуваат, наместо за 5 минути, завршувам работа за 20 минути. Не било CV, ќе ми го врателе ако не е на рака пополнето, него најчитко што може - отпечатено. Глупости.

Лична карта на увид, али читај подоле во линкот, во делот за книшката.

Еве ти го линкот од МВР. ЗНАЧИ, ОД МВР. Во теорија, позванично од ова форум и муабети не треба да биде. Ако не, да одам на МИОА на веб страната да барам што треба за возачка...

https://mvr.gov.mk/upravni-rab/16

И барањето го имаш за симињање, FYI.

Читај - со барањето за возачка задолжително и за возачка книшка се поднесува. ДАЛИ ИМ Е АЖУРИРАНО ИЛИ НЕ, НЕ НАВЛЕГУВАМ.

Се јавив кај тој што работи на возачките. Тој ќе ме вратеше денес. Се јавив во кол-центар. Исто ми кажаа.

Не сум прв со ваков проблем. Сеа татко ми ми кажува, вадел нова, и него му барале пред 2-3 месеци. Уште двајца уз муабет ми кажаа дека бараат...

Не сум смотан, верувај. Едноставно, така се повеќето постапки кај нас во државава.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11471 на: 12 Јануари 2021, 09:06:36 am »
Исто така треба да имаш предвид дека може и МВР да не го има ажурирано ;)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11472 на: 12 Јануари 2021, 09:08:09 am »
Пишував горе, не навлегувам во тоа.

Односно, ме боли кур дали им е ажурирано. Рекла-казала не треба да е посоодветен извор на информации од официјална веб страна.

Тоа е. Закажано ми е за крв зимање, ќе закажам пак во МВР, ќе си сменам датум на барањето, јер не ми е на рака пополнето, ќе си го отпечатам, и чао.

Имам време уште 20 дена.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6488
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11473 на: 12 Јануари 2021, 11:00:23 am »
Баш ме интересира дали ќе поминиш со печатеното барање,
ај за возачката книшка можи е: „нема засега поени, ама за некои избори ќе ги вратиме, имајте ги“.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11474 на: 12 Јануари 2021, 22:58:04 pm »
Еден старински муабет ќе ви направам - чувајте ги книшките, ќе ви се најдат. И да се распаѓаат, чувајте ги. Не се знае утре што ќе одлучат, најозбилно.