Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Верувајте дека се може да се направи во државава. Има способни вработени и низ администрација. Нив секако нема да ги најдете на раководни позиции.
Верувајте дека се може да се направи во државава. Има способни вработени и низ администрација. Нив секако нема да ги најдете на раководни позиции.Пред 5 години, дали некој од вас помислил дека може са гледа на веб секоја трансакција што државата ја троши. Само треба да се сака од горе таа работа да се направи и добар тим.
Арно не се погодила Cry me a river од Џастин.
Цитат: AllMightyMe на 13 Октомври 2020, 16:48:32 pmВерувајте дека се може да се направи во државава. Има способни вработени и низ администрација. Нив секако нема да ги најдете на раководни позиции.Пред 5 години, дали некој од вас помислил дека може са гледа на веб секоја трансакција што државата ја троши. Само треба да се сака од горе таа работа да се направи и добар тим.Тој проект колку го одолговлекуваа ама мораа сега да го пуштат пошто еу стоеше позади него. Инаку знаеш, мало сутра.
Возачката култура нема да се смени со криј се по ќошиња и лупај казни - пуни буџет. Треба озбилно да си ја сфатат работата властите. Да инвестираат во авотматски системи за казнување на тие што поминуваат на црвено и прават груби прекршоци во град. Да му стигаат казни на невоспитаниот СЕКОГАШ кога ќе направи прекршок, а не рандом еднаш у 2 години, од кроучинг тајгер хиден џандар. И се додека постојат начини да се избегнат казни (пријател началник, другар судија и сл), секогаш кога ќе те казнат, ќе се осеќаш дека си неправедно казнет, затоа што некој (а ти мислиш повеќето), се измкнале без казна.
Ќе рикне систњмот во рок од 1 саат откако ќе го пуштат
ќе треба на стабилна платформа да биде поставен
Секако, не треба многу за да видиме дека не е така. Еве, вчера биле само во Скопје казнети 386 возачи, само 70 (20%) биле казнети за маски, за разлика од околу 80% според твојот есап.„На територијата на град Скопје, пак, изречени се вкупно 386 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, 41 санкција за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции, 72 мерки за непрописно паркирани возила и 70 санкции за неносење заштитна маска.“https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazneti-385-vozachi-vo-skopje-polovinata-od-niv-vo-kisela-voda-i-sopishte/