Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1850229 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11220 на: 13 Октомври 2020, 16:14:41 pm »
И мора да има поени за секој прекршок, да не смее да се компензираат поените со пари како што беше до сега.

И пари, и поени. Така се праи дисциплина и на тие парајлиите.

Само ова во идеален свет, овде кај нас за 30тина години.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11221 на: 13 Октомври 2020, 16:48:32 pm »
Верувајте дека се може да се направи во државава. Има способни вработени и низ администрација. Нив секако нема да ги најдете на раководни позиции.
Пред 5 години, дали некој од вас помислил дека може са гледа на веб секоја трансакција што државата ја троши.
Само треба да се сака од горе таа работа да се направи и добар тим.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11222 на: 13 Октомври 2020, 16:50:44 pm »
Пеер министер за финансии имавме што сакаше само објективно позитивни промени да направи, го избркаа и ја донесоа Нина.

Кадарот е тука, моќта на тој кадар не е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11223 на: 13 Октомври 2020, 17:06:04 pm »
Верувајте дека се може да се направи во државава. Има способни вработени и низ администрација. Нив секако нема да ги најдете на раководни позиции.
Sad but true. -Metallica

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11224 на: 13 Октомври 2020, 23:05:32 pm »
...спотот после кој рeшив да грабнам бас во далечната девеесвтора, а и фрузирата му ја имав до 2006та.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11225 на: 13 Октомври 2020, 23:17:48 pm »
Арно не се погодила Cry me a river од Џастин.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11226 на: 13 Октомври 2020, 23:35:56 pm »
Требало Soundgarden да слушате, златни!
Да ве биде човЕци! :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11227 на: 14 Октомври 2020, 00:15:02 am »
Верувајте дека се може да се направи во државава. Има способни вработени и низ администрација. Нив секако нема да ги најдете на раководни позиции.
Пред 5 години, дали некој од вас помислил дека може са гледа на веб секоја трансакција што државата ја троши.
Само треба да се сака од горе таа работа да се направи и добар тим.
Тој проект колку го одолговлекуваа ама мораа сега да го пуштат пошто еу стоеше позади него. Инаку знаеш, мало сутра.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11228 на: 14 Октомври 2020, 00:52:12 am »
Арно не се погодила Cry me a river од Џастин.

Со тоа канелоните на глава?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11229 на: 14 Октомври 2020, 08:33:08 am »
Верувајте дека се може да се направи во државава. Има способни вработени и низ администрација. Нив секако нема да ги најдете на раководни позиции.
Пред 5 години, дали некој од вас помислил дека може са гледа на веб секоја трансакција што државата ја троши.
Само треба да се сака од горе таа работа да се направи и добар тим.
Тој проект колку го одолговлекуваа ама мораа сега да го пуштат пошто еу стоеше позади него. Инаку знаеш, мало сутра.

Тој проект го одолговлекоа пратениците. Не ги носеа потребните измени на законот. Скоро година се изгуби на тоа.
За други сопки да не ни почнувам.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11230 на: 14 Октомври 2020, 21:33:35 pm »
Што експерти се собраа во државно. Сите до еден по форумите во работно време ама имаат решение за секој проблем, ум за секоја ситуација и капацитет за кој може да им подзавидат дури моќните држави....
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен The-spiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 82
    • spiki.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11231 на: 14 Ноември 2020, 13:33:00 pm »
Возачката култура нема да се смени со криј се по ќошиња и лупај казни - пуни буџет. Треба озбилно да си ја сфатат работата властите. Да инвестираат во авотматски системи за казнување на тие што поминуваат на црвено и прават груби прекршоци во град. Да му стигаат казни на невоспитаниот СЕКОГАШ кога ќе направи прекршок, а не рандом еднаш у 2 години, од кроучинг тајгер хиден џандар. И се додека постојат начини да се избегнат казни (пријател началник, другар судија и сл), секогаш кога ќе те казнат, ќе се осеќаш дека си неправедно казнет, затоа што некој (а ти мислиш повеќето), се измкнале без казна.

Ќе рикне систњмот во рок од 1 саат откако ќе го пуштат ;D

ќе треба на стабилна платформа да биде поставен :D


На пример на платформа на Матка. Таа е ептен стабилна :)

За неупатени
https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/divata-platforma-na-matka-namesto-da-se-urne-dobi-ograda-klupi-masi
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-matka-se-gradat-novi-divi-platformi-vlasta-se-pravi-naudrena-i-ne-gi-uriva/
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/petre-neka-ne-mi-se-mesha-veli-gradonachalnikot-na-saraj-bedheti-za-divite-platformi-na-matka/



Инаку, да, оваа акција дефинитивно не е со цел да се подобри возачка култура или така нешто, туку само полнење на дефицитарен буџет (нели -920 миљони)
Веќе 2,3 недели ги гледам на булеварите по Аеродром полицајците, без кола, пешки, со палка така како сираци оставени... А реално застануваат за да казнуваат за неносење маска.
Од тоа што објавуваат секојдневно, нели некои 600 казни (просечно по ден), 30 се за возење без возачка дозвола, 20 за нерегистрирано возило и 500 за неносење маска... така да... јасно е зошто се на улица.
« Последно менување: 14 Ноември 2020, 13:41:09 pm The-spiki »
I sell frozen jogurt which i call frogurt

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29667
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11232 на: 14 Ноември 2020, 14:18:14 pm »
Секако, не треба многу за да видиме дека не е така. Еве, вчера биле само во Скопје казнети 386 возачи, само 70 (20%) биле казнети за маски, за разлика од околу 80% според твојот есап.

„На територијата на град Скопје, пак, изречени се вкупно 386 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, 41 санкција за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции, 72 мерки за непрописно паркирани возила и 70 санкции за неносење заштитна маска.“

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazneti-385-vozachi-vo-skopje-polovinata-od-niv-vo-kisela-voda-i-sopishte/

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11233 на: 14 Ноември 2020, 15:16:48 pm »
Секако, не треба многу за да видиме дека не е така. Еве, вчера биле само во Скопје казнети 386 возачи, само 70 (20%) биле казнети за маски, за разлика од околу 80% според твојот есап.

„На територијата на град Скопје, пак, изречени се вкупно 386 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, 41 санкција за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции, 72 мерки за непрописно паркирани возила и 70 санкции за неносење заштитна маска.“

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazneti-385-vozachi-vo-skopje-polovinata-od-niv-vo-kisela-voda-i-sopishte/

Добри бројки се ова. Проблемот е што не се х100 казнети за овие работи. Црвено, алкохол, техничка исправност, регистрација и блокирање тротоари со паркирање може на УСА буџетот да го наполнат, а камо ли нашиот.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11234 на: 15 Ноември 2020, 00:42:19 am »
Da, narodot saka da vozi neispravni koli. Neka napraat parkiralishta kje se parkiraat tamo.