Како така погана за на суд? Не ти пишува 45 на казната што ти ја дадоа?
Мош не му дале белешка. Во тој случај ќе си почекаш дома да ти стигне
^ What he said. Ми кажа џандарот ќе ми стигнела покана за суд за 4 месеци до година дена, наводно не пишувале веќе парични казни на лице место.
Ме упецаа со 76 (можеше бетер да биде, среќен сум со ова) денеска на Словенечка, треба да чекам покана за на суд и најверојатно 45 евра ќе биде казната. Бидете внимателни периодов лудница е со џандари, штета што ете и на моја кожа морав да осетам али тоа е.
Таму 126 се оди, си ја згрешил работата со 76
Ако е само пари казна - ич да не ти е гајле.
Само пази, ако во град наместо 50 одиш 96 тоа е веќе многу.
76 не е некоја опасна работа ако е празна улица, ама гледај да не врти накај 100. Има други места за тие бројки
Па затоа и викам дека можеше бетер да биде, пред кривинката се возеше доста повеќе од 76 али ете сум докочил на време (но не доволно нели). :-D
Така е, нема проблем со 76кмч, нема ни суд ни ништо, само оди плати си и толку. Или сакаш да спориш за казна од 45 евра, која што е доста тешка за оспорување?
Ќе одам да прашам во секој случај, јас си ја прифаќам грешката и немам што да оспорувам реално. Али ете, чичо полицаец вика дека сум морал писменце да чекам во сандаче.
Ме упецаа со 76 (можеше бетер да биде, среќен сум со ова) денеска на Словенечка, треба да чекам покана за на суд и најверојатно 45 евра ќе биде казната. Бидете внимателни периодов лудница е со џандари, штета што ете и на моја кожа морав да осетам али тоа е.
Истото ми се случи на истата делница (само поголема брзина, нејсе). Иди во Пролече, позади Корчагин, однеси си уплатница, не очекувај фин и гостопримлив однос таму, на горниот кат треба да ја доставиш. Направи си копија од уплатницата пред да ја доставуваш.
Што се однесува за поканата за суд, годинава најверојатно нема ни да ја добиеш. Во меѓувреме плати си. Има одземање на возачка за 76 во 50?
Не добив никаква уплатница за жал, инаку би си платил.