Вчера на пешачкиот остров кај Стар паркиран некој нов бел тетовски мерцедес (прилично грд па не забележав дали беше ЦЛА или нешто друго, помал беше), а газдите ропаци нормално седнати во кафичот. Кога преминував на пешачкиот, во истиот момент преминуваше и полицајка (млада али небитно, со овластувања беше). Само што се доближи до мерцедесот, "Bosssii" кликна (најверојатно на копче за заклучување) на даљинското и колава свирна за да ја испровоцира џандаркава, а оваа ништо. Боссси уште еднаш премава за да свирни и џандарката пак ништо, како невидлива да беше колата за неа.
Добро за што ги плаќа(ме)ат? За да се прават на будали кога забележуваат прекршоци, да не постапуваат ни кога ги провоцираат, да замижуваат пред хаосот во сообраќајот? Стварно не ми е јасно. Ако немаш стискаец оди работи друго, не туку се срами пред народот.