Како да ја однесеш колата до технички со истечена регистрација со извадена нова полиса ако полисата важи дури од утредента.
Утредента ја носиш на технички и од мвр ќе ти бараат да смениш датум на полисата кој повторно ќе важи од утредента, па колата ќе мора да ти остане паркирана на технички.
Реално? Онака по пропис ако сакаш?
Со пробни таблички или со шлеп служба.
Да, најсериозно. Ако зборуваме за како ТРЕБА, така ТРЕБА. Тоа што никој не го прави тоа не значи дека е правилно. Напротив е многу неправилно.
Тоа што салоните и остали ти продаваат кола без пробна табличка си е безобразие од невиден степен. Ако толку несакаат да ти ја поминат на пробни треба да ти ја достават до некој технички преглед да си ја подигнеш.
Ако е за како треба.
Зошто дали требало или не, причиниш штета - ежот. Нит некого го занима ти што "како ќе си ја однел" , ни ништо. Штета има, не си осигуран. Чао џаци.
Абе не ме јеби, со шлеп служба за обична регистрација
А пробни таблички ти е како да употребиш тенк за да утепаш комарец, иако не ги знам деталите и бирократските поединости во врска со нив.
Станува збор за измината регистрација од да речеме 10 дена, ниту за нова кола, ниту за купена половна од друг град.
Во ред, нека важи полисата од утредента откако ќе ја извадам, нормално, за да ја извадам сум отишол со автобус, пешки, точак, такси...
Утредента ја возам колата која е осигурана претходниот ден за на технички. Технички поминувам беспрекорно и на шалтер на мвр ми бараат да го сменам датумот вчерашен со денешен.
И тука доаѓа компликацијата, денешниот датум на полисата што ќе ми го стават во осигурителната компанија значи дека колата ми е осигурана дури од утредента.
Да не ме сфати погрешно
@kalimero, секогаш сум ги регистрирал колите 2/3 недели пред истек на регистрација. Парите се исти дали чекал последен момент или не.
Еднаш само ми се случи со колата на жена ми која отиде службено за Словенија на месец дена, 3 недели пред истек на регистрација. На време извадив полиса и поминав технички но на шалтер на мвр не ставија печат бидејки мораше лично жена ми па мораше да се менува датумот. Во тоа време не знаев за моментот дека осигурувањето почнува да важи по полноќ