Пајак е златната кокошка у наше село. Нема везе што може да го казни за погрешно паркирање, и покрај тоа што не попречува слободно одвивање на пешачки,велосипедски и моторен сообраќај, поише ќар има ако се крене возилото. Ем поише боли, за права Бога, треба да платиш казна и плус уште 1500 транспортни трошоци.
Али нема везе, кај што има сила - нема правда, ем не смееш да бараш правда, затоа што погрешно си паркирал, па кабает си.
Да не се разбереме погрешно: Фер е да те казнат за погрешно што си паркирал. Нефер е да ти ја кренат колата ако паркирањето не попречува ништо и не претставува опасност.