Мислам дека темата не ми е згрешена,ако е нека се префрли во соодветната.
Во 1990 година купена е куќа,истата урната и изградена нова(не толку важно).Дворното место е некои си 384м2 земјиште под зграда 100м2.Во 2003 година имаше измена на урбанистичкиот план со кој ми се одземени некои си 140м2 за пробивање на сега слепа уличка,без надомест и ми се дадени на користење додека не се пробие сега слепата уличка.Во 2006 година ми се чини имаше повторно измена на урбанистички план и од тие 140м2 се намалени на 108м2.Тие 32м2 морав повторно да си ги приватизирам и платам,а и двата изработени елаборати си ги платив јас.Влезот во мојот имот моментално е широк 2м и така е од 1990 година.Со мерењето кое се изврши минатата недела излезе дека има узурпација на влезот со 70цм,односно потребно е да имам 2.7м ширина на влез.Ѕидот кој не дели со соседот и кој треба да биде пократок со 70цм пред 2003 се наоѓал во мој имот,целиот ѕид од некои си 18м е на моја територија дури 10-15цм соседот има чист простор во тогаш мој имот,сега во имот на РМ кој ми е даден на користење додека не се пробие уличката.Да бидам појасен моментално мојот комшија користи дел од површина кој во 2003 година ми е одземен (од приватно стана државна сосптвеност)и ми е даден на користење мене.Истот комшија има навлезено со 45цм во крак од истово слепо уличе.Прашањето ми е кои се моите права врз имот кој беше мој,кој без надомест е одземен и даден ми е на користење а узурпиран од соседот.
Минатата недела од страна на општината дадена ми е дозвола за узурпираните 70цм ѕид да ги урнам,и наводно беше договорена целата работа но соседот кој е тежок ВМРОВЕЦ(а таткото на Кавадарци е ВМРО) почна со закани со зборовите јас сум јак,нема жива сила кој може ова да го урне ,па и закани по живот на мене и мојата фамилија.Случајот пријавен во полиција и наводно денес треба општинскиот инспектор надлежен за овие работи да излезе на терен и да каже дали и до каде ќе се урива ѕидот.
Со сини линии е мојот имот,зелената површина е одземеното земјиште кое ми е дадено на користење,црвените линии се узурпираните ѕидови,со црни линии се границите кои треба да бидат гранични линии,сино фарбаното е слепото уличе.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ако може некој совет од поупатените,како да постапам и кои се моите правни можности.
Да го надополнам постот,да ве запознаам ако се одвиваа работите до денес.
Со едниот комшија од каде влезот беше узурпиран со 45-50цм,првично навидум се дојде до спогодба.Спогодбата првично беше да се урне спорниот стуб,да се повлече со 45цм,да се изгради нов стуб сето тоа на наш трошок,што за мене беше прифатливо и нормално.Бидејќи фати викенд адвокатските канцелари затврени,нотарите исто така,од комшијата беше дозволено да се почне со работа.Така и бидна,стубот се урна,се направи нов стуб,во текот на изградбата присутни беа и тие цело време.Столбот се направи за неколку денови,комшијата си направи нова порта и кога дојде ред да се потпише веќе готовиот договор почнаа проблеми.
Портата не ми е во правец,не ми е убава за на крај да побара 8500ден. за трошокот на кој бил изложен и да го излепи столбот со камен(буња) со дебелина од 5цм.Во спогодбата се наведе и тоа.Значи класична спогодба каде моја должност е да го урнам постоечкиот столб и на изградам нов,а негова должност со тие 8500ден. да направи порта и да го налепи столбот со буња.Договорот се потпиша,се завери на нотар.Столбот изграден,портата направена останато уште да ја налепи буњата.
Сето ова се случи точно пред еден месец,од пред 3-4 денови се почна со непочитување на договореното.
Се почна со паркирање на возилото на местото каде што преминот треба да биде слободен.
Денес стигна и изјава со која има намера да ја раскине спогодбата,да проба да ја раскине спогодбата,која пак да напоменам од моја страна е извршена во целост а од негова делумно.И на сметката на татко ми се вратени 8500ден.Изјавата е полна со невистини и лаги кои се лесно докажливи.
Контактирано со адвокат и ќе се оди понатаму.