Тоа осигурување патници е жива глупост. Тоа е посебен вид на осигурување од незгода, исто како она во школо на времето по 100 денари што плаќавме, или на некои од плата што им кинат под 200-300 денари.
Надомест од тоа осигурување следува само ако има траен инвалидитет, односно повреда која ќе остави последици. Тоа значи дека за набиеници, модрици, стрес, страв и слично не следува надомест по тоа осигурување.
Ако има повредено лице во сообраќајната незгода тогаш си се вика полиција, не може со европски и не може да ве казни полицијата со казна од 250 евра. Исто е и со странско возило, пијан/дрогиран возач, неосигурано возило, возач без возачка.