Урса дали си ја платил полисата на Сава кога си требало да ја платиш или 3 години не си ја плаќал?
Едно е да те товарат за нешто што не си знаел дека имаш обврска да го платиш, друго е за долг за кој си знаел дека постои и си требало да го платиш. За да стигне наплатата до извршител прво бил предметот кај нотар, нотарот направил еден обид за достава, ако не си примил направил и втор, ако на адресата каде си бил му кажале дека си отселен нотарот побарал и од МВР да му дадат твоја адреса по лична карта, па и на таа ти доставил Решение на кое си можел да приговараш или да си го платиш. Ако ни таму не те нашле, тогаш порано беше објава на огласна табла, а сега е во два весника и службен весник мислам. Дури после ова предметот стига кај извршител ако до тогаш не платиш или во дадениот законски рок приговараш.
Ако кај тебе е нешто различно, ти се извинувам однапред. Али ова важи за сите што се прават наудрени и не плаќаат разно разни обврски, па после Грујо, Зајко или Цацко им е крив дека место 3000 платиле 9000 после 4 години дужење.
Sava (кога ја направив јас полисата беше Сава Табак) требаше со одложено плаќање од некој месец да побараат од фирмата кај мајка ми (Тутунски Комбинат (Македонија Табак)) да повлекуваат дел од платата за рата. Имаа некој договор тие две фирми. Ај како мајка ми да направела услуга на Сава табак, ќе сме правеле така со нив. Будали, услуги ќе правиш ....
Сава никогаш не го активирале тоа, ние не ни знаевме дека не е активирано. Мајка ми добива секој месец различна плата (саати, викенди, трета смена...) така да не приметила.
И после три години ....
Иначе никогаш не добивме ништо, никогаш.
Полисата беше поколу 2200 денари, Сузуки Марути имав тогаш. Се комплет ми дојде околу 23 000 со камати и давачки.
Да знаев дека не е платена, секако за 2000 денари одма ке си ја платев. Затоа од тогаш на лице место картичката, чао пријатно.
Работата ми е дека се злоупотребува тоа, исто како и со таа казната на членот
