Епа не си стасал до таму и сметки блокираат

Еве ако не ве мрзи да читате објава од фејсбук од еден мој пријател..
Одам во банка да проверам сметка-`Блокирани сте од извршител`!
За сметка од ВИП од 2014 год. од 3000 ден.(период во кој веќе бев во Т-моб.)
Чаре?
Се јавив кај извршителот(ми се јави некое девојче кое упорно ме ословуваше со `ТИ`)-Уплатете 23190 ден. (дваесетитрииљадиистодеведесет) ден.на извршител за да ве одблокира!
Бес,нервоза,немоќ и помирување со судбината!!!
Уплаќам 23190 ден.(дваесетитрииљадиистодеведесет) ден.
Уште 1700 ден.(иљадаиседумстотини) ден. господине!
Зошто???
За банката да ви ја деблокира сметката!!!
Замислувам како четири пет крупни банкарски службеници,запотени и заморени ми ја блокираат сметката со синџири во рацете и огромни катанци.Ја врзуваат,опашуваат и одваај ги затвораат тешките катанчишта на мојата сметка.
Сега откако уплаќам 1700 ден.(иљадаиседумстотини) ден. ги замислувам како со незадоволство и неволност се собираат околу мојата сметка и збираат сила да ја деблокираат,па се вртат,сучат околу неа,од која страна да фатат да ги отклучуваат катанчиштата,па да ги влечат синџириштата,само за да ми ја одблокираат мојата кутра сметка,на која веќе нема ни еден денар!!!
Белким до утре ќе ја одблокираат!!!
Замислете,оваа сума била со камати,ама израчунати до ноември 2017 год. така да јас ќе треба утре да му се јавам на извршителот за да ми каже уште колку ситни пари ќе треба да доплатам за камата и извршителска награда за месец декември 2017 год и јануари 2018 год.!!!
П.С.Би сакал да се прашам нешто,а и да констатирам неколку работи!
1.Како ќе платев ваква лихва ако бев невработен(како шо се 30% работоспособно население),ако бев стечаец(иљадници граѓани),ако земав минимална плата од 12 и нешто иљади(десетици иљади граѓани)!!!
Веројатно ќе требаше да продадам некој орган!
2.Кој болни умови го смислија ова лихварство со извршителиве и кој болни умови се уште го поддржуваат?
Можам да констатирам дека покрај сите невољи и несреќи,немаштија и несигурност со кој се соочуваат граѓаните на оваа напатена,сиромашна и жална црна дупка-бездушно се пљачкосуваат и уценуваат од сопствената држава на која се граѓани и носители на суверенитет!
Плаќа народот лихва за која учевме во учебници и слушавме приказни од бабите за пусто турско,чорбаџии и лихвари и сето тоа со закон покриено!
Аир да не видат сите гниди гнидосани,паразити ненаситни и ползачи лигави кој ги измислија извршителиве и им дадоа сила да го пљачкосуваат сопствениот народ и кожата да му ја дерат,од уста да му земаат и во понизност да го чуваат.
Аир да не видат денешниве продолжувачи на политиките на нивните претходници,за цицање на крвта на сопствениот народ!!!
П.С.Се тресам и ежам,морници ме полазаа и ладна пот ме облеа,а и некоја лута солза прокапав - си помислив како им е на мојве сонародници кој припаѓаат на ранливите социјални групи што ги споменав погоре?!