Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2099140 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8910 на: 08 Февруари 2018, 16:04:06 pm »
Лошо напишале овие, последната реченица им е погрешна. Не треба последниот збор да биде извршување, туку прекршочно гонење.

Три години е објективен рок, 6 години апсолутен рок. Со секое преземено дејствие се прекинува рокот од 3 години, но во секој случај после дупло од тоа (читај 6 години) настапува застареност. Пред тоа беше 1 со 2 години, односно за 2 години застаруваа и ретко кој плаќаше.

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7218
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8911 на: 08 Февруари 2018, 16:53:22 pm »
Ми стигна покана за да одам во свр Битола, поради забрана на возачката и на местото кај што треба да пишува кој ден, не пиши ништо...дали тоа значи дека имам рок од неколку месеци за да ја однесам ?

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3928
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8912 на: 08 Февруари 2018, 17:03:23 pm »
Лошо напишале овие, последната реченица им е погрешна. Не треба последниот збор да биде извршување, туку прекршочно гонење.

Три години е објективен рок, 6 години апсолутен рок. Со секое преземено дејствие се прекинува рокот од 3 години, но во секој случај после дупло од тоа (читај 6 години) настапува застареност. Пред тоа беше 1 со 2 години, односно за 2 години застаруваа и ретко кој плаќаше.
Не сум го знаел ова фала ти научив уште нешто ново од форумов :)
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)


Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8914 на: 08 Февруари 2018, 22:58:59 pm »
Ми стигна покана за да одам во свр Битола, поради забрана на возачката и на местото кај што треба да пишува кој ден, не пиши ништо...дали тоа значи дека имам рок од неколку месеци за да ја однесам ?

Не сум 100% сигурен за ова бидејќи во ЗБСП не можев да најдам дали има законски рок во кој треба да ја однесеш возачката дозвола и возачката книшка за впишување на санкцијата. Има член во кој се вели дека доколку при контрола жацо открие дека имаш забрана за управување тогаш имаш рок од 8 дена да ги однесеш во станица за впишување на санкцијата. По некоја логика тој партискиот службеник кога ја пишувал поканата требало да стави и датум али логика и милиција се два различни света.

Во секој случај тебе забраната ти почнала да тече од денот кога Судот изрекол прекршочна санкција. Дали ќе се впише одма, после месец дена или воопшто нема да се впише ти, согласно законот, не смееш да управуваш со возило од соодветната категорија за која е изречена санкцијата

Отиди до станица и прашај кај службеникот за возачки кога да му ја носиш.

Ако имаш дополнителни прашања слободно контактирај го другарот @MecheTo како најискусен во оваа проблематика :)
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8915 на: 08 Февруари 2018, 23:13:55 pm »
Забраната почнува да тече од кога ќе се внесе во возачката, не од правосилноста на пресудата.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8916 на: 08 Февруари 2018, 23:44:25 pm »
Забраната почнува одкако ке ја однесиш возачката вополиција во соба 104.Е сега можиш да се правиш на удрен пошо нема датум,ама сега ако не се јавиш на поканата идат по дома и ги земаат возачките.
Најубо тие оди види во соба 104 договори се со таа таму Бети Мети како се викаше,ако сега евентуално имаш потреба од возачката да им ја однесиш по еден месец или шо знам...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8917 на: 08 Февруари 2018, 23:51:57 pm »
Имав таков проблем на рати плаќав, и тој да фати да ги коцка парите и многу луѓе закрпи. Ми ѕвонат за тужба од сава, викам за 5 мин сум у канцеларија и таму за гуша фаќање да потпише дека сум платил, после тоа се разбра дека 200-300 души закрпил.


Sent from my iPhone 7 128
vladimir da ne se vikase deckoto? crnomanjest?
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8918 на: 08 Февруари 2018, 23:54:59 pm »
Банзаи јас не можев да најдам одредба во ЗБСП каде што стриктно е наведено дека забраната почнува од денот на впишување во возачката дозвола, освен ако тоа со друг закон не е регулирано. Нема стриктно ниту за тоа дека забраната почнува од денот кога Судот ја изрекол, но за сличен член има одредба, т.е за изречена прекршочна санкција "престанок на важење на возачката дозвола" истата престанува да важи од денот на изрекување на санкцијата, па од таму логично и наведов во претходниот пост дека е така.

Ти си правник и како најучен :) во оваа материја ако сакаш објасни подетално да утврдиме што е правилно и законски. Не велам дека не грешам а уште помалку дека и ти грешиш, но мене ми се чини дека има дупка во законот која што дава слобода на толкување од надлежните службеници.

Од корист за сите нас тука ќе биде заклучокот што ќе го донесеме да биде правно издржан.

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8919 на: 08 Февруари 2018, 23:57:34 pm »
Банзаи јас не можев да најдам одредба во ЗБСП каде што стриктно е наведено дека забраната почнува од денот на впишување во возачката дозвола, освен ако тоа со друг закон не е регулирано. Нема стриктно ниту за тоа дека забраната почнува од денот кога Судот ја изрекол, но за сличен член има одредба, т.е за изречена прекршочна санкција "престанок на важење на возачката дозвола" истата престанува да важи од денот на изрекување на санкцијата, па од таму логично и наведов во претходниот пост дека е така.

Ти си правник и како најучен :) во оваа материја ако сакаш објасни подетално да утврдиме што е правилно и законски. Не велам дека не грешам а уште помалку дека и ти грешиш, но мене ми се чини дека има дупка во законот која што дава слобода на толкување од надлежните службеници.

Од корист за сите нас тука ќе биде заклучокот што ќе го донесеме да биде правно издржан.
Ако е така и си правник можеш после три месеци да ги поебеш, само треба да имаш живци и да ја преебеш државата како оној што ги добил бег на управен пред некој ден.

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!
                   RRETH JETËS NË MAQEDONI!!!


Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8920 на: 09 Февруари 2018, 00:06:58 am »
Сегашниов ЗБСП ако не се лажам е од 2007, во претходниот закон во првичното издание имаше пропуст односно законски возачот не беше обврзан да ја носи возачката книшка со себе за време додека го управува возилото а казни се пишуваа за член од законот кој не постои.

Затоа велам, закон како закон има недоследности кои што оставаат простор надлежните службеници кои го спроведуваат да го толкуваат како сакаат, што не значи дека се во право.

Праксата кај нас е изречената санкција да важи од денот на впишување во ВД но дали е законски т.е правно издражана?  Тоа го замолувам @Banzai да образложи.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8921 на: 09 Февруари 2018, 00:15:16 am »
Регулирано е во закон за прекршоците, чл. 20 или 21, прееска гледав. Утре може и членот да ви го цитирам, сега легнувам доста беше за денес :)



За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7218
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8922 на: 09 Февруари 2018, 00:22:04 am »
Јас кога бев  на суд да ми прочитаат дека ќе имам забрана, имаше еден инспектор внатре во собата со судивката и баш сега се сетив ми спомна дека сум имал рок од 36 месеци да им ја однесам возачката одкако ќе ми стигни поканата дома... ама ми нагласи да не се придржувам до тоа и да ја однесам порано, не морало веднаш, ама барем за некој месец.
Исто така ми кажа дека ако одолговлекувам повеќе време и ако во меѓувреме ме застанат џандари и проверат дека имам забрана имаат право уште веднаш да ми ја земат и да не ми ја вратат. Јас ќе гледам кај Април да ја однесам, ако не ми ја земат во меѓувреме.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8923 на: 09 Февруари 2018, 01:33:00 am »
Од законот за прекршоците, член 20:

Забрана на управување со моторно возило
Член 20
(1) За прекршок против безбедноста на јавниот сообраќај, со кој е предизвиканаопасност за настанување на тешка последица, односно со дејствието настане штетна последица може да се изрече санкција забрана на управување со моторно возило на определени видови или категории моторни возила во траење од 30 дена до една година.
(2) За тој што нема возачка дозвола, а стори прекршок од ставот (1) на овој член, забраната на управување со моторно возило опфаќа забрана за стекнување на возачка дозвола во период од 30 дена до една година.
(3) Забраната на управување со моторно возило се евидентира во досието на возачот најдоцна во рок од 15 дена од правосилноста на одлуката и започнува да тече од денот на евидентирањето во возачката дозвола.
(4) Ако санкцијата од ставот (1), односно од ставот (3) на овој член му биде изречена на лице кое има странска дозвола за управување со моторно возило, оваа санкција опфаќа забрана на управување со моторно возило на територијата на Република Македонија за што ќе се извести граничната полиција.

@Banzai симнувам капа. Бев убеден дека има дупка во ЗБСП ама не сум бил во право и затоа се извинувам ако некого доведов во заблуда.

Aко некогаш се затекнеме на некоја свадба или слава заедно ќе те чaстам пиво :)
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8924 на: 09 Февруари 2018, 07:38:13 am »
Забраната почнува да тече од кога ќе се внесе во возачката, не од правосилноста на пресудата.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.