Дечки да ви кажам право полицајците си се фаќаат баш затоа што можат да ве казнат. И членот што кажа погоре дека нема квота треска глупости оти лично сум сведок и знам дека ако им речат вечерва ќе дерете, вечерва ќе дерат и крај, нема пуштање и смилување освен ако немаш јаки врски.
Чист пример мене ме запираат со BMW-то, ти си возач почетник - бум казната и крај. Нема потреба од појас, ламбички ланци, манци куротресии!? Во колата имам буквално се, комплетно целосно сум исправен и нема нешто што фали за да ми пишат казна во поглед на опрема.
Ама сепак ме пишува 200Е и чао пријатно.
Сабајле со колата на татко ми, старо возилце 96та година со 60кс. Ме запира, проверува и гледа дека иако сум почетник возам во прописно време и колата е океј со коњажа, одма почнува да бара сијалички, ланци, ме натера да отворам гепек да му покажам прва помош, трокут дека имам. Кога виде дека нема ништо неисправно, се си е под конец, ми вика зошто не ја носиш возачка книшка. Му образложувам дека возачката книшка ми е во другата кола и може одма да ја донесат, испаднат сум со ова возило по потреба, и му кажувам дека секако ми е полна со поени и неможе да се впишуваат више. Се мрштеше 5 мин. и на крај ми вика овој пат те опоменувам, следниот пат кога ќе те видам неисправен ќе добиеш казна.
Тоа ме нервира, не еднаквоста и не почитувањето на прописите и законот како што е заслужено. Бидејќи кога нема што, ископува уште триста глупости за да те казни, едноставно се изживува те тормози.