Абе ти реков не ми се пишуваат реферати, ќе отидеме у друг правец.
Вчера ме репнаа на обиколница за неносење ланци 
Им попунив квота, се гледаше дека за тоа им е. Нејкев да се расправам нит да вртам телефони.
А реално сеа прекршувам законот ама треба да се има усул малце, нема нит снег нит најави башка на автопат + нови гуми.
Али ова е на муабетот погоре со казните, гу маваат сите за неносење ланци знаат најсигурно им е и квотите најлесно се пунат.
Глумеа нешто со тие камерчињата на рамо закачени, стварно ли работат тие?
Не ми делуваше така според однесувањето нивно.
А и ептен се морони.
Ме прашуваат дали носам ланци им викам не.
Аха ок дај лична и одма почна да пишува, нит провери гепек нит ми ги провери гумите.
Стрикнто се фатиле за тие ланци ко слеп за стап.
Ај со ред....
Квоти не постојат у МВР, тоа е измислица од незадоволните и несовесни возачи кои го искусиле благодетот на казнувањето за да си олеснат на душичката.
Тоа што нема снег а ти имаш нови гуми не го оправдува неносењето на ланци. За домашна работа прочитај го ЗБСП. Твојата постапка и плачењето тука на форум покажува дека не си запознаен со законската регулатива.
Камерите работат и напротив некој одлучил дека се полезни баш заради тоа милиционерите да не не глумат лудило.
Морони има и меѓу нив и меѓу нас. Луѓе сме, плус македонче. Не зборам за тебе лично.
Епа ако те прашале дали имаш ланци и си им рекол дека немаш која е логиката дополнително да проверуваат. Демек не ти веруваат? И нормално дека одма ќе почнат со пишување на казната, сигурно нема да плетете.......
И на крајот, да не ме разбереш погрешно, мене ме репнаа 300 евра плус чекам забрана да ми стигне па не се жалев а можев да "ја скинам" ама не сакав. Сум згрешил, признав вина и тоа е. Не ми се жацовците криви што претекнував на полна линија.
Малце филозофски ќе звучи ама ако сакаме нешто да смениме треба да почнеме од себе па кон другите.