Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1776996 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8355 на: 27 Декември 2017, 20:59:00 pm »
@Indigo

Сакам да знаеш дека законот не те таргетира лично ТЕБЕ. Ги таргетира оние што не ги воспитале од дома како што треба, а задње време со модерново општество родителите имаат се помалку и помалку време своето дете да го воспитаат прописно пред да го пуштат меѓу народ.
Таквите се опасност. Поради таквите е донесен законот.

Откако се смени власта, пишувањето казни се интензивираше, што од обид да стегнат обрач на распуштените каубои позади волан, што од потреба за средства во буџет. Најпаметно ти е да си паузираш од колата додека не осетиш дека малку намалуваат сообраќајните контроли со интензитет, зошто ќе ти ги пишуваат казните цело време.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8356 на: 27 Декември 2017, 21:07:07 pm »
Исто и возењето после 23, па баш после 23 е растеретен сообраќајот, пострашно е у 4-5 саат преку ден.
Од овој поглуп закон нема. Пред 6-7 години ме стопира полиција километар пред да си стигнам дома, ме задржува 5-10 минути и ми вика волот 23:02 часот е, несмеш да возиш. Па морав да се објаснувам, да барам луѓе да не ми пишат казна, а таман пред 23:00 ќе си стигнев дома ако не ме сопреа и никому нито.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1338
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8357 на: 27 Декември 2017, 21:16:23 pm »
Затоа место пунто 1.8хгт земав спарк, и најкасно 20-21 саат гледам да сум дома. Ќе издржам уште 11 месеци.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8358 на: 27 Декември 2017, 21:36:49 pm »
Затоа место пунто 1.8хгт земав спарк, и најкасно 20-21 саат гледам да сум дома. Ќе издржам уште 11 месеци.

колку пари ќе изгубиш во препродажба на спаркот? ем ќе го одржаваш ем ќе изгуби вредност и бидејќи не ти е по кејф, ќе го шитнеш... 

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1338
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8359 на: 27 Декември 2017, 21:41:18 pm »
Нема да изгубам повеќе од 500 евра зависи колку го возам, иначе баш ми е по ќејф, повеќе него шо очекував, освен крутата амортизација. А може и нема да го продадам ќе го оставам на татко ми.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8360 на: 27 Декември 2017, 21:43:17 pm »
Најкорисен закон во МК е тој со коњажата. Добро е да се спроведува ревносно.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
    • MVP Ring
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8361 на: 27 Декември 2017, 22:12:02 pm »
Свесно го кршите законот и после кукате како џандарите се кучиња или дошол животот бла бла...

И јас не се слагам со многу закони, ама тоа не ми дава право да ги кршам.

Законот за коњажа и за доцно возење е глупав и доста те ограничува. Ама утре ако некој копиљ шо купил бемве од 2к евра ви покоси некој член од фамилија одма ке почните да мрчите дека не смеел да вози таква кола, не смеел да вози доцна, лошо е воспитан, смртна казназа него... Иако не се сложувам со законот сепак постои. И јас сум бил возач почетник и сум одел со такси или пеш а сум можел да одам со кола. Со самото кршење на законот и со тоа што кукате дека не треба да ви пишат казна, јас сум заебаниот во случајот. Ова само во случај да ве фатат :D

Уште па споредувате со запад... Е тоа е проблемот со нашиов балкански менталитет, што сакаме селективно делење на правда. Океј е да казнува полицијата додека не ме казни мене.

Sent from my Shoot_1 using Tapatalk


Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1338
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8362 на: 27 Декември 2017, 22:14:13 pm »
Не е баш корисен, ќе поминат 2те години, ако е решен да беснее пак ќе си купи бмв 320д или мечка ц220цди со 170 коња и ќе вози 200 на партизанска.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8363 на: 27 Декември 2017, 22:16:03 pm »
@Ѓорѓи

Кога е поверојатно да почне да беснее? Кога работат поинтензивно хормоните за докажување пред пички? Ништо не е сигурно. Ако тој некој има суицидални мисли и е решен да погине во кола, ќе го направи тоа. Поентата не е сигурност, поентата е само пониска веројатност од случување на одреден настан.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1338
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8364 на: 27 Декември 2017, 22:24:54 pm »
Па добро и јас сакав да беснеам пред да земам кола, ама сфатив некои работи, брзото возење освен шо е опасно е и многу напорно, многу порелаксирано е да си возиш 90 (60-70 на регионален пат) со камионите и да си уживаш со гласна музика, второ за возач почетник со малце пари други работи се поважни освен евтината набавна цена на возилото, пример: евтина регистрација, евтино одржување, минимална потрошња итн..

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8365 на: 27 Декември 2017, 22:31:28 pm »
Па добро и јас сакав да беснеам пред да земам кола, ама сфатив некои работи, брзото возење освен шо е опасно е и многу напорно, многу порелаксирано е да си возиш 90 (60-70 на регионален пат) со камионите и да си уживаш со гласна музика, второ за возач почетник со малце пари други работи се поважни освен евтината набавна цена на возилото, евтина регистрација, евтино одржување, минимална потрошња итн..

Пак ќе кажам, законот не е воведен за да ве спречи ЛИЧНО тебе и @Indigo. Воведен е за да ги спречи тие што „не сфатиле некои работи“, како што викаш ти. Се надевам ме разбираш на што мислам.

Јас имам 24 години, положив на 18, тогаш законот беше „две години искуство И наполнети 21 година“, после го избација тоа со 21 година. Си го почитував законот, кога биравме фамилијарна кола избравме до 90 коњи, МНОГУ ретко ја возев после 11 саат навечер, па еве сум, не ми пукна жолчката од мака што не можев да возам кола со 200 коња и во 3:20 сабајле.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1338
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8366 на: 27 Декември 2017, 22:43:51 pm »
Имаш право, еве јас се помирив, си почитувам правила и закони, ретко да прекорачам ограничување за +10/20, но сепак мислам дека поважна е културата, споредбата со германија ми беше затоа, тие и без забрани го постигнуваат тоа. Да не заборавиме дека и југо може да иде преку 150 иако е 55 коња, важно е кој е зад воланот.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8367 на: 27 Декември 2017, 23:07:08 pm »
@Ѓорѓи

Кога е поверојатно да почне да беснее? Кога работат поинтензивно хормоните за докажување пред пички? Ништо не е сигурно. Ако тој некој има суицидални мисли и е решен да погине во кола, ќе го направи тоа. Поентата не е сигурност, поентата е само пониска веројатност од случување на одреден настан.

има луѓе многу повозрасни од 18, што полагаат подоцна, дали од финансиски дали од други причини. веќе има закон дека демонстрирање на сила во сообраќај не е дозволено, повторно се враќаме на она дека овој закон е одвишок.

anyway, поентата ми беше да кажам дека џандарите се ѓубриња.
исклучоци, опростувања, МОРА да постојат. еден глупав пример: треба да однесам некого итно во болница поради влошена здраствена состојба, и застанувам на булевар додека да го внесат човекот во кола. Дали ти, и останатите што ги оправдувате полицаите што пишуваат казни за киловати, сметате дека треба да ми биде пишана казна за неправилно паркирање/застанување ?
« Последно менување: 27 Декември 2017, 23:14:00 pm Indigo »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8368 на: 27 Декември 2017, 23:14:45 pm »
Како тие луѓе што полагаат подоцна од небитни причини се поспособни при управување на возило од оние што положиле одма? Начин на ограничување на тазе положените возачи (според мене) мора да има. Овие два члена (забрането возење после 11 и забрането управување со возило појако од 90 коњи) не се најсјаен начин на ограничување, ама се некаков, и ако добро седнеш да размислиш при што ќе се исклучиш себеси како чесен, прибран законопочитувач, ќе сфатиш дека се колку-толку логични.

ЕДИТ: Реплика на едитираниот дел:

Друже извини ама ова што ти бапнале казна ПО ВТОР ПАТ не е ни со приближно значење и итност како ситуацијата што ја опиша погоре.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8369 на: 27 Декември 2017, 23:20:10 pm »
Како тие луѓе што полагаат подоцна од небитни причини се поспособни при управување на возило од оние што положиле одма? Начин на ограничување на тазе положените возачи (според мене) мора да има. Овие два члена (забрането возење после 11 и забрането управување со возило појако од 90 коњи) не се најсјаен начин на ограничување, ама се некаков, и ако добро седнеш да размислиш при што ќе се исклучиш себеси како чесен, прибран законопочитувач, ќе сфатиш дека се колку-толку логични.

ЕДИТ: Реплика на едитираниот дел:

Друже извини ама ова што ти бапнале казна ПО ВТОР ПАТ не е ни со приближно значење и итност како ситуацијата што ја опиша погоре.

прво велиш дека законот за киловати е ставен за да се спречи докажување пред п*чки, а сега заради способност? кола си е кола, киловатите\коњските сили не се ДИРЕКТНО поврзани со убрзувањето и максималната брзина на автомобилот, тоа е само моќноста на моторот. и ограничувањето не е на 90 коњи туку 105 коњи т.е. 77 киловати
и нели ЗАКОН си е закон? Повторно излегува на кој како му одговара..