1. Не реков дека законот е ставен исклучиво за тоа. Законот е ставен за многу работи, меѓу кои и таа со пичињата.
2. Што се мене тиче, апсолутно никогаш не сум пробал да се извадам од казна ако сум бил крив*. Аналогно на тоа, ако решил господин полицаец да пишува казна за прописно паркирање додека јас пробувам да спасам човек, нека пише слободно. 50 евра, па и 500 евра се помалку вредни од човечки живот, така да ако дојдам до таква ситуација, ќе паркирам и во хол на собрание, па ни 4 жмигавци не им пуштам, само да помогнам на човекот што е во невоља.
Разбирам дека скапи ти се казните, ама ем шуто, ем боде... На крајот на краиштата, голем си, си знаеш. Продолжи да ја возиш колата и ризикувај си казна, или паузирај од истата (па и продај ја) за да не добиваш казни. А ако ептен сакаш да си бунтовник против законот, или фати си дебели врски, или работи прекувремено да можеш да си ги дозволиш казните.
*Ситуација 1: Тетово - Скопје си возам 142 на дозволени 100. Полиција ме мери на радар. Ме застанува, „Господине возевте 142, дозволено е 100. Документите, казна се пишува за ова. *зема документи* Кај одите вие? Што барате во Скопје?“ Тука сфатив колку е саатот, и му реков „Полагам предмети на факултет. Ако пишувате казна ќе ве замолам да завршиме побрзо, не сакам да пропуштам испит.“ Ми пиша казна по брза постапка, заминав.
*Ситуација 2: Учам другарка да вози кола во Маврово, 1:ХХ по полноќ. Стигаме до Маврови Анови на почеток, идеме покрај езеро доле, се враќаме назад, на другиот крај на Анови полициска контрола која гледала кој излегол од кола, кој влегол после. Не запираат, прашуваат кој возеше, кажувам другарката. Бара возачка од другарката, она нема положено. Зема лична карта и заминува. Го нема 10 минути, излегувам од кола, прашувам што ќе се случува сега, тој ми вика „ова за казна е“. Викам во ред, на која основица? Ми објаснува. Викам пак во ред. Ми бара мои документи, му давам. Прашува кај точно живеам, и уште некои банални прашања онака за муабет. Вика „фин си, не молиш, знаеш дека сте криви, се надевам оваа опомена ќе ви служи како памет за друг пат, а и не сакам да сум пречка на другарка ти во положување за возачка“. Фала многу господа, имајте пријатна вечер, заминувам.
Поука, во ниеден момент не се расправам и не молам во ситуација кај што сум крив ко врба. Кога не сум крив, објаснувам што можам посмирено и посталожено со надеж дека ќе наидам на човек како соговорник. Ако пак ја пише, не потпишувам, и тоа е тоа. Судот нека одлучи.