Се некако се мислам дека надзорот врши лавовски дел од работата, а не „финочата„ на Холанѓаните.
Камери на секој 5ти километар... рецепт за успех. 
Надзорот врши работа само за контрола на брзина. Педантноста е многу повеќе од тоа. Во Белгија има исто многу повеќе камери отколку во Германија, но овие се Французи....
- Да речеме на вклучување на автопат, се вклучуваш во десна лента. Ако некој вози во десна, доколку условите дозволуваат, ќе се подмести во лева лента. Или изедначување брзина, и по потреба забрзување, намалување, за безбедно да престигнеш некој побавен, шлепер, или автобус. Така е во Германија и Холандија. Но, во Белгија нема шанси.
- Во Холандија не блиндираат да се поместиш. Во Германија ако и само ако правиш застој во најлева лента. Во Белгија, те блиндира, се подместуваш, се закопува пред тебе и вози 100.
- Ако погрешиш насока во град (или улицата е забранета, или паркингот е времен, штоидае, холанѓанец ќе те блиндира, ќе спушти џам, ќе те информира. Во Белгија, ќе ти викне џандари.
- Во Германија и Холандија пропуштаат на вклучување, менување ленти, престројување на семафор, споредни со главни улици во шпиц, итн. Значи колку и да е шпиц на автопат, на обиколници, на главни булевари, секогаш те пропуштаат, и нормално се заблагодаруваат едни на други. И по потреба секогаш има простор за лента да помине брза помош. Во Белгија не е така. Никој не те пушта, блиндираат, пцујат, се дерат, итн.
- Холандија и Германија користат жмигавци секогаш. Во Белгија не. И се престигнува, престројува без нив.
- Во Холандија и Германија велосипедистите и пешаците се богови на патот (ако нема велосипедска патека, а во 95% во случаите има). Во Белгија, блиндираат, свират, пцујат, се дерат, итн.
- Исто мноуг позитивно искуство имам со Австрија, кадешто возачите се многу слични на однесување како Германците, самошто овие имаат ограничувања, и повеќе камери на автопат.
Овие нешта ми паѓаат на памет од моето неколкугодишно возење со кола/велосипед низ овие три држави.
Toa со лепењето најверојатно за заштеда на гориво им е 
Најверојатно. Шибај со 160+ и залепи се за некој за да штедиш возило. Ако тој пред тебе сецне, и за 2 секунди “флезело магаарто у зељките“
