И?
Каков механизам има Германија или Шпанија да те принуди да ја платиш казната?
Не тролам, навистина прашувам...
Од искуство со шофер од прва рака, јас го водев тој камион.
Во Германија 250 евра го казнија, немаше 250 евра во него си плати 50 евра и го внесоа во тефтер и систем дека должи 200 евра. Го фаќаат после 4-5 месеца и му викаат - имаш 200 евра долг, он вика немам 200 имам 70 евра. Ок, дај 70 евра и го пуштаат и продолжува. Ден денес не знам дали му е доплатена казната.
Нормално, ова не значи дека така функционира секогаш но ова е навистина како што е напишано. Германија и Австрија посебно имаат функционален систем за наплата на казни а и имаат систем за повраток на пари ако си неправедно казнет и докажеш.
Во Шпанија на пример, со калашникови те стопираат, ти ставаат лента за дупење гуми на криминалци напред и назад. Дај документи, немаш ремен ставено, 40 евра казна. ти ставаат блокатор на волан и на педали, ти ги земаат сите документи и ти оставаат телефонски број да се јавиш и да си ги земеш документите одкога ќе ја платиш казната. Друг мубет ама / како / што, не ги интересира, чао и пријатно.
Во Шведска за немање светло на приколица (свесно тргнавме), го запира полиција и го отпрати до безбеден паркинг камионот и му рече спиј тука и утре поправи го и продолжи - добра ноќ, нит казна нит бутур. Нормално, се даде наредба да продолжи камионот без светла на приколицата за да фати брод
