Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1777049 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4605 на: 27 Мај 2014, 15:33:25 pm »
Едино не го разбирам казнувањето за неврзан појас. Тоа ми е нешто као казнување поради неносење кацига при возење мотор или скутер.

Ако возачот не е свесен дека појасот (и кацигата) се за негово добро и можат да му го спасат животот, онда нема шо да го казнуваш, нека крши глаа (буквално :)).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5832
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4606 на: 27 Мај 2014, 15:35:06 pm »
Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,10 г/кг до 0,50г/кг.
Од кај ова дека не е дозволено 0.5  ???
Ова е изгледа за возачи-почетници, мислам дека таа е границата за нив, али би требало да наведат...

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4607 на: 27 Мај 2014, 15:38:16 pm »
Ако беше за возачи-почетници ке беше нагласено и плус ке стоеше како посебен дел во делот за почетниците.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4608 на: 27 Мај 2014, 15:42:31 pm »
А мерниве единици?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4609 на: 27 Мај 2014, 15:47:56 pm »
Едино не го разбирам казнувањето за неврзан појас. Тоа ми е нешто као казнување поради неносење кацига при возење мотор или скутер.

Ако возачот не е свесен дека појасот (и кацигата) се за негово добро и можат да му го спасат животот, онда нема шо да го казнуваш, нека крши глаа (буквално :)).

Повеќе ја кошта државата ако му лечи скршен врат и траен инвалдиитет отколку две ребра скршени на граден кош. Дет симпл!

BTW, не се заебаајте да возите полека:

Намалена брзина на движење

Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање на
сообраќајот.(Во спротивно предвидена е глоба  во износ од 20 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8093
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4610 на: 27 Мај 2014, 15:48:04 pm »
Во Саботата по 3 ракии и пола чаша винце, дувнав 0,00  ;)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4611 на: 27 Мај 2014, 15:54:41 pm »
Едино не го разбирам казнувањето за неврзан појас. Тоа ми е нешто као казнување поради неносење кацига при возење мотор или скутер.

Ако возачот не е свесен дека појасот (и кацигата) се за негово добро и можат да му го спасат животот, онда нема шо да го казнуваш, нека крши глаа (буквално :)).

Повеќе ја кошта државата ако му лечи скршен врат и траен инвалдиитет отколку две ребра скршени на граден кош. Дет симпл!

BTW, не се заебаајте да возите полека:

Намалена брзина на движење

Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање на
сообраќајот.(Во спротивно предвидена е глоба  во износ од 20 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода).
Ова важи само за државни службеници. ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4612 на: 27 Мај 2014, 15:55:43 pm »
Важи за секој кој има здравствено осигурување

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4613 на: 27 Мај 2014, 15:57:54 pm »
Дали државата им плаќа на приватниоците здравствено осигурување?Дали државата им плаќа на оние кои одат да се лечат во Систина и на неа слични?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4614 на: 27 Мај 2014, 16:04:11 pm »
Систина не е државна установа за да ти плаќа државата.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4615 на: 27 Мај 2014, 16:04:22 pm »
Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,10 г/кг до 0,50г/кг.
Од кај ова дека не е дозволено 0.5  ???
Ова е изгледа за возачи-почетници, мислам дека таа е границата за нив, али би требало да наведат...

Ако беше за возачи-почетници ке беше нагласено и плус ке стоеше како посебен дел во делот за почетниците.

Грешно им е тоа, незнам од каде им е ископано.

                                      Член 234
(1) Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту
да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол.
(2) Ќе се смета дека е под дејство на алкохол лицето за кое со анализа
а крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење на
количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на
алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0,50 г/кг или ако присуството на
алкохол во организмот е утврдено со соодветни средства или со апарати за
мерење на алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на
количества поголеми од 0,50 г/кг или кај кое без оглед на содржината на
алкохол во крвта, со стручен преглед, ќе се утврди дека покажува знаци
на алкохолна растроеност.
(3) Не смее да управува со возило, ниту да започне управување со
возило ако во организмот има алкохол или ако покажува знаци на
алкохолна растроеност:
- возач-почетник согласно со одредбите на овој закон,
- возачот на моторно возило од категориите "Б+Е", "Ц", "Ц+Е" и "Д" и
"Д+Е" или од поткатегориите "Ц1", "Ц1+Е", "Д1" и "Д1+Е" - додека
управува со возило од таа категорија,
- возачот на возило со кое се врши јавен превоз - додека со тоа возило
врши јавен превоз,
- возачот на возило на кого управувањето со возило му е основно
занимање – додека управува со возилото вршејќи ги работите од ова
занимање,
- возачот инструктор и кандидатот за возач - за време на оспособување
во практичното управување со возило и
- претседателот и членовите на испитната комисија - додека
спроведуваат практичен дел на возачкиот испит.
(4) На правното лицe кое ќе нареди или дозволи управување со возило
спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на овој член ќе му се изрече
глоба во износ од 520 до 1.350 евра во денарска противвредност.
(5) За прекршокот од ставот (4) на овој член глоба во износ од 330 евра
во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лицe во
правното лице.
(6) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1)
и (3) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се
изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило
од три до 12 месецa, под услови и на начин утврдени со закон.
(7) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на претседателот и членот на испитната комисија кој постапува
спротивно на одредбата од ставот (3) алинеја 6 на овој член.

ЕДИТ: Сега проверив, јас ова погоре што го ставив е од 2007, а во пречистениот текст од 2010 година е додадено на член 234 ставови и алинеи со кои се одредува за колку количество алкохол колку казна:

                                            Член 234
(1) Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту
да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол.
(2) Ќе се смета дека е под дејство на алкохол лицето за кое со анализа на
крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење на количеството на
алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта
изнесува повеќе од 0,50 г/кг или ако присуството на алкохол во организмот е
утврдено со соодветни средства или со апарати за мерење на
алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на количества поголеми
од 0,50 г/кг или кај кое без оглед на содржината на алкохол во крвта, со
стручен преглед ќе се утврди дека покажува знаци на алкохолна растроеност.
(3) Не смее да управува со возило, да започне управување со возило, ниту
да спроведува практичен дел на возачки испит ако во организмот има алкохол
или ако покажува знаци на алкохолна растроеност:
- возач-почетник согласно одредбите на овој закон;
- возачот на моторно возило од категориите ,,Б+Е“, ,,Ц”, ,,Ц+Е“ и ,,Д” и
,,Д+Е“ или од поткатегориите ,,Ц1”, ,,Ц1+Е”, ,,Д1” и ,,Д1+Е” – додека управува со
возило од таа категорија;
- возачот на возило со кое се врши јавен превоз – додека со тоа возило
врши јавен превоз;
- возачот на возило на кого управувањето со возило му е основно
занимање – додека управува со возилото вршејќи ги работите од ова занимање;
- возачот инструктор и кандидатот за возач – за време на оспособување
во практичното управување со возило и
- претседателот и членовите на испитната комисија – додека
спроведуваат практичен дел на возачкиот испит.
(4) На правното лицe кое ќе нареди или дозволи управување со возило
спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на овој член ќе му се изрече глоба
во износ од 520 до 1.350 евра во денарска противвредност.
(5) За прекршокот од ставот (4) на овој член глоба во износ од 550 евра во
денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лицe во правното
лице.
(6) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на
овој член, кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51 г/кг. до
0,99 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три до шест
месеци, под услови и начин утврдени со закон.
(7) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на
овој член, кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,00 г/кг до 1,49
г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од шест до
девет месеца под услови и начин утврдени со закон.
(8) Глоба во износ од 350 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на
овој член, кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,50 г/кг до 1,99
г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од девет до 12
месеца, под услови и начин утврдени со закон.
(9) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на
овој член, кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2,00 г/кг и
повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца,
под услови и начин утврдени со закон.
(10) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член,
кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,10 г/кг до 0,50 г/кг.
Покрај утврдениот износ на глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна
санкција забрана за управување со моторно возило од три месеца, под услови и
на начин утврдени со закон.
(11) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1), (2) и (3)
на овој член, каде што при утврдување на алкохол во организмот одбие да биде
алкотестиран со соодветно средство или апарат за мерење на
алкохолизираноста (алкомер). Покрај утврденот износ на глобата, на возачот ќе
му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило
од 12 месеца, под услови и на начин утврдени со закон.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4616 на: 27 Мај 2014, 16:04:56 pm »
@Мече

Твој избор е да одиш во Систина. За тоа ќе си платиш сам.

Државата ти плаќа да се лечиш во една од државните болници/амбуланти.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4617 на: 27 Мај 2014, 16:11:42 pm »
Јас како приватник и плаќам на државата за здравствено осигурување секој месец.На лечење не одам секој де,секој месец или еве да речиме не сум бил на болница 5години.Во тие 5 години,јас,лично јас сум уплатил да речиме 3000 евра...И како сега државата ми плаќа.Со тоа што ке ме завитка во гипс од 300 денари?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bardako

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 212
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4618 на: 27 Мај 2014, 16:17:37 pm »
Во Саботата по 3 ракии и пола чаша винце, дувнав 0,00  ;)
Во Саботата по 3 ракии и пола чаша винце едноипол пиво , дувнав 0,00  ;)
;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4619 на: 27 Мај 2014, 16:17:49 pm »
И со сите трошоци околу гипсот, како плати, образование...