По основ на ова:
Член 388
(1) Униформираниот полициски службеник ќе го исклучи од сообраќај
возилото кое не е регистрирано, за кое не е продолжен рокот на важноста на
сообраќајната дозвола, за кое е утврдена техничка неисправност, кое нема
пропишани регистарски таблици или кое нема налепница согласно членот 366
ставови (1) и (2) на овој закон.
а еве го и член 366 и став 1 и 2:
Член 366
(1) За моторното и приклучното возило, за кое по извршениот технички
преглед е утврдено дека е технички исправно и безбедно да учествува во
патниот сообраќај, овластеното правно лице за вршење на технички
преглед е должно да стави налепница со која се означува рокот на
важноста на техничкиот преглед.
(2) Налепницата од ставот (1) на овој член задолжително се става на
десниот горен агол на предното ветробранско стакло на возилото.
Никаде не пишува дека налепницата треба да се залепи,освен на самата и тоа во заграда.
Јас ја имам поставено како што е пропишано,имало претходно на стаклото некоја вињетка и малце лепак останато,па без да ја одлепувам ја поставив у аголот.се надевам дека нема да дојде некогаш до тоа да се докажувам со полиција и суд за ова,али добро што ги најдовме членовите од законот