Не сум ја освежил темава повеќе од една година, па ајде едно резиме.
Таму некаде Декември лани, бев забележан од анти-КарКлуб фанови кои ме гаѓаа со зоља, но за цела среќа поминавме без жртви (за малку ја утнаа лепенката):
Се зезам, не ме гаѓаа со зоља. Ама сфатив дека колку повеќе ја чуваш и и се тресеш на колата толку повеќе ќе и се случи нешто не по твоја вина. КОлата беше паркирана на паркинг и камион во рикверц проба да влезе позади (FAP, оние со корпа). За цела среќа го виделе на паркинг човекот и ја повикале одма сопругата, а човекот остана и се договоривме да правиме записник. Санацијата ја плати осигурувањето, голема благодарност до Калимеро. Да отидеше човекот ќе останев покус за 54.000 денари. Среќа во несреќа е што кровот беше не чепнат.
Целата ситуација ми скрши филм, изгубив и мерак на кола и на форум и на се поврзано со коли.
Се помирив, сепак е парче метал и почнав да си ги лечам раните. Набавив
K&N 57S-9500Голема благодарност до членот -darko-
Филтерот го монтирав пролетоска. И прави ќеф. Многу ќеф. По осетлива е колата на притискање на гаста. При нормално возење и постепено забрзување не се забележува дека има било каква модификација. Но при нагло притискање има благопријатно мукање, мелем за лечење нервози и правење мерак
. Потрошувачката се нема променето. Само сега повеќе стискам за да си мукам
. Во затворен простор, поготово на ниска гас, посебен мерак прави.
Во меѓувреме шетавме за Албанија, Бугарија, низ Македонија и изминатава година поминав без малку 10.000 км.
Минатиот Понеделник бев на сервис. Се одлучив да ја сервисирам во Сеат-Порше Македонија и да видам како ќе поминам. Многу коректен однос од вработените и професионално завршена работа:
Е сега, ставија некое VW масло и не знам што да очекувам од истото. Им верувам на швабите и се надевам дека кога станува збор за маслото не би требало да имам било каква промена во однос на претходно. Маслото ме кошташе околу 1200 денари помалку во однос на Мотул/Репсол. До сега, изминативе без малку 40К км, нема ни капка масло потрошено моторот. Во гепек покрај останатите заменети делови (не беше пракса во Ка-Дис) имаше оставено и една литарка од маслото, не цела туку веројатно она што останало при промената. Веројатно за да ми се најде
Другите делови се запакувани вака:
Односно сите делови се меј ин DE и се VW делови.
Променетите беа исто такви, веројатно и во Ка-Дис работеле со истите. Еве го филтерот за полен:
Е сега, имав една споредба лани направено па тука само ќе ја надополнам:
Овластен сервис (КА-ДИС) Бутик (Чакаров) Сеат-Порше Скопје
Филтер за воздух: 1,208 ден. 920 ден. -
Филтер за масло: 755 ден. 1,110 ден. 650 ден.
Филтер за гориво: 1,619 ден. 1,390 ден. 1,695 ден.
Филтер за полен: 720 ден. 660 ден. 1,126 ден.
Масло Мотул 8100 5-40 2Л: 1,673 ден. 1,700 ден. VW 1,200 ден.
Вкупно: 7,648 ден. 7,480 ден.
Вкупно без ф. воздух: 4,767 ден. 4,860 ден. 4,671 ден.
Напомена: филтрите од бутикот се Hengst.
Според математикава, ми испаѓа дека ми е поефтино да правам редовен сервис во овластен сервис отколку сам да се замарам со набавка на делови и барање мајстори. Тука бар некој гарантира за работата и е официјален сервис, со секогаш последен апдејт на софтвер и проверки и слично. Бар до сега ми е такво искуството. За понатака ќе видиме. Ќе прашам и во други дуќани чисто за споредба на цените на деловите. Колку што приметив во VW колат на филтерот за полен и сијаличките.
До сега поминати 38.900 км. Сменети се и првите фабрички прегорени сијалички, на задна таблица. Другите пу-пу сеуште тераат
Во најава уште една модификација
Едит PS: Абе сакав да го едитирам првиот пост, да го надополнам, ама не можам. Оти?