Автор Тема: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift  (Прочитано 155066 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #420 на: 12 Ноември 2014, 12:54:00 pm »
Сакаш да го бутнам целиов последен пост во првата порака?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #421 на: 12 Ноември 2014, 12:54:35 pm »
Уреди го постот како што сакаш и нека ти го изменат администраторите или модераторите. Темава е мерак за читање, естетски е одлично средена. :)
За стаклото и гепекот баш ми е жал, и разбирам дека ти поминал меракот, ама добар comeback си направил. :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #422 на: 12 Ноември 2014, 13:08:31 pm »
Останав зачуден кога ја видов сликата од задната шофершајбна, инаку темава ти е уредена цакум пакум! Со мерак ја читам!

K&N филтерот си ја дава баш таа нота што и треба на колата, а не е нападен како спортски издув. Ова се покажа претходно кај Симо. Според мене сите што сакаат малце поспортски звук треба прво да стават ваков филтер, па потоа ако не им е доволно да преминат и на другата модификација.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 774
  • .
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #423 на: 12 Ноември 2014, 13:33:03 pm »
Жал ми е за гепегот, се надевам си го средил убаво, истото и со мојот леон ми се дешавал, колку и да го чуваш толку повеќе ќе ти се случуваат незгодни работи, сум бил многу принципиелен да ја чувам естетската форма на колата, буквално кажано, но сега веќе сум попуштил, такви ни се паркинзите, такви ни се луѓево и шоферите, таква ни е општата култура мават со врати, возат пијани и како обезглавени , патиштата се лом.
Инаку слушав и јас дека дечките од Порше се многу фини од разлика од оние од Ка-дис, дозволуват да си присутен додека се врши поправката или сервисот..... тоа е новост од нив
А за маслото, секогаш од кадис ми ставиле репсол еволутион, така да сега наредниот сервис во Порше исто масло ќе му ставам ако они дозволуваат тоа а мора  да дозволуваат, да живее конкурецијата,  инаку K&N филтерот колку те кошташе  истиот?
« Последно менување: 12 Ноември 2014, 13:43:09 pm Leon-cist »
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #424 на: 12 Ноември 2014, 13:43:35 pm »
цениве со ДДВ се или без од Порше, јас ибицата ја носев таму последниве 3 години и сервис редовен под 5 илјади сум немал

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #425 на: 12 Ноември 2014, 14:05:18 pm »
Сакаш да го бутнам целиов последен пост во првата порака?

Нема потреба, за 2 реда текст се работи и апдејт на потрошувачката до сега :)

Фала Фиц, Мартин.

Жал ми е за гепегот, се надевам си го средил убаво, истото и со мојот леон ми се дешавал, колку и да го чуваш толку повеќе ќе ти се случуваат незгодни работи, сум бил многу принципиелен да ја чувам естетската форма на колата, буквално кажано, но сега веќе сум попуштил, такви ни се паркинзите, такви ни се луѓево и шоферите, таква ни е општата култура мават со врати, возат пијани и како обезглавени , патиштата се лом.
Инаку слушав и јас дека дечките од Порше се многу фини од разлика од оние од Ка-дис, дозволуват да си присутен додека се врши поправката или сервисот..... тоа е новост од нив
А за маслото, секогаш од кадис ми ставиле репсол еволутион, така да сега наредниот сервис во Порше исто масло ќе му ставам ако они дозволуваат тоа а мора  да дозволуваат, да живее конкурецијата,  инаку K&N филтерот колку те кошташе и на колку км се менува истиот?

Гепекот го средија ама го наместија како Пикасо на заебанција да го цртал. Сеуште не можам да си објаснам како тоа поминало било каква контрола за предавање на возилото. Штоповите не беа во линија, не налегнуваше убаво. Нормално рекламирав и го средија за 5 минути, не го подесиле како што треба.

Мислам дека не дозволуваат свое масло да однесеш, си работат со нивни делови. Ама, крајно професионални, услужливи, се што ги прашав одговорија без размислување, сменетите делови во гепек. Секоја чест. Се надевам дека ќе останат на тоа ниво.

Филтерот не се менува, само се чисти. Го земав од -darko- член на форумов, кој го имаше порачано по грешка, па ми го продаде по пазарна и-беј цена без други трошоци :)

цениве со ДДВ се или без од Порше, јас ибицата ја носев таму последниве 3 години и сервис редовен под 5 илјади сум немал

Фактурата е без ДДВ, на фискалната цените се со ДДВ

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #426 на: 12 Ноември 2014, 16:24:04 pm »
чакаров беше тоа дуќанчето во аутокоманда ?
изгор скуп е тој

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #427 на: 12 Ноември 2014, 23:14:22 pm »
Zatoa li te nemase be druze?
Cakarov e u aerodrom, bivsa Stela.
On topic, domakinluk neviden, si treba i zivci za vakvi raboti.

Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #428 на: 12 Ноември 2014, 23:26:13 pm »
Јас во Маврово не приметив ништо на багажот :)


Инаку, што направи со цевката до филтерот? Некоја измена?
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #429 на: 12 Ноември 2014, 23:31:23 pm »
На здравје сервис. Инаку и јас пред месец дена и правев сервис на 40к што значи тука некаде сме, али сам си ги набавув деловите и маслото. Ме чуди како кај твојов мотор сервисот искача исто и сам и во овластен а кај мене не. Конкретно кај мене филтрите сите ( масло, полен, воздух и бензин ) во матрикс ги земав 2200 и маслото во псс Motul 6100 4x540 тоа е 2160 и работна рака 300 денари значи 4600-4700, доколку во кадис без 7000 денари немаше да бев.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #430 на: 12 Ноември 2014, 23:40:32 pm »
Е вакава кола треба да се начека на оглас коа се бара на старо. Уредно, со евиденција, а и да нема евиденција, да го знаеш човекот дека водел грижа за колата ко што треба. Секоја чест како си го мазиш и пазиш миленкот и како си ја водиш темава.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20632
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #431 на: 12 Ноември 2014, 23:50:11 pm »
чакаров беше тоа дуќанчето во аутокоманда ?
изгор скуп е тој

Не, у Маџари, и по мое искуство, не е во ништо поскап од другиве продавници, а камо ли „изгор скуп“.

Zatoa li te nemase be druze?
Cakarov e u aerodrom, bivsa Stela.
On topic, domakinluk neviden, si treba i zivci za vakvi raboti.

Не е у Аеродром подолго време, у Маџари негде е сеа.

@marjanot: ЕЈ БРАТ СУПЕР ТИ Е КОЛИ4ЕВО,, 6ТЕТА 6ТО СЕ ДЕСИЛО ТОА СО КАМИОНОТ ХАХАХА КАКОВ КЛО6АР БИЛ ТОЈ ЗНА4И. КАЗХИ МИ ТОА ФИТЛЕРОТ ОТКАЈ ТИ Е И МНОГУ ЛИ БУ4И ,,> КАКО ПРАЈ КОГА БУ4И??!? Ок ПОЗЗзз


The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #432 на: 12 Ноември 2014, 23:58:15 pm »
Потврда и од мене за Чакаров дека не е поскап од другите слични продавници, океј е со цени и многу коректен и услужлив однос има.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #433 на: 13 Ноември 2014, 08:08:37 am »
бапџор изгледа беше тоа во аутокоманда,одма после поштата од десна страна

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #434 на: 13 Ноември 2014, 08:37:45 am »
Јас во Маврово не приметив ништо на багажот :)


Инаку, што направи со цевката до филтерот? Некоја измена?


Не се приметува сега :)
Ама нема потреба да го кријам настанот и задутре да читам некаде дека била тумбана  ;D

Ја извадив цевката што беше, сега е без. И има разлика :)
Само не сум нашол време  да го решам тој момент. Иначе си фуче и без неа без проблем.

На здравје сервис. Инаку и јас пред месец дена и правев сервис на 40к што значи тука некаде сме, али сам си ги набавув деловите и маслото. Ме чуди како кај твојов мотор сервисот искача исто и сам и во овластен а кај мене не. Конкретно кај мене филтрите сите ( масло, полен, воздух и бензин ) во матрикс ги земав 2200 и маслото во псс Motul 6100 4x540 тоа е 2160 и работна рака 300 денари значи 4600-4700, доколку во кадис без 7000 денари немаше да бев.

Ќе прашам и јас во Матрикс и во некоја друга продавница. Ми нема логика и мене. Маслото кај мене влече пари, Мотул 8100 е ца. 3200ден.

Иначе Чаки има сосема регулар цени, само сега се пресели некаде во Маџари и има бош работно време. Треба од работа да излагам за да му отидам во дуќан

Минвајл:



Ќе се монтираат пролетоска, се надевам во пакет со уште 2 модификации :)