Кои други крипто валути земаат замав и се сметаат за перспективни (и не се превара) сега? И најбитното: дали зачува некој биткоин од времето кога си се занимавал со тоа, и дали го шитна за пари сега? Многу македонци зборат колку е кул и хип и фанки, ама до сега никој не кажал "не ми се верува дека ми се исплати инвестицијата" 
Моментално како long-term инестиција би го препорачал Cardano (ADA) проектот. Стартуван е во Октомври о.г. со сериозна подршка од големи приватни инвеститори, најави за решенија на некои проблеми со моменталната блокчеин технологија преку имплементација на, како што они го нарекуваат, нова трета генерација на блокчеин решенија.
Тимот се состои од врвни имиња со сериозно искуство во соработка со неколку универзитети. Пак ќе повторам, ова е long-term инвестиција од минимум 2 години.
Околу второто прашање, инвестицијата ми се исплати после неколку месеци копање. За жал поради сплет на околности не успеав да извадам максимален профит на криптовалутите заработени од копањето во 2012 иако ги чував долг временски период (долга прича која што ќе ја споделам на некој собир).
Свесен сум за моменталниот хајп околу биткоинот и жалам што луѓево се залетуваат по "лесните" пари а не по самата технологија. Но за жал неинформираноста и алчноста си го прават своето.
Реалноста е дека нема лесни пари туку доста читање и многу среќа за да се погоди вистинскиот период за инвестиција. Доста луѓе се изгореле купувајќи високо за само неклку дена да изгубат и до 30% од инвестицијата. Истотото е и за копањето, доста влегле во залез на "златните" периоди и не издржале доволно долго за да видат некој профит.
Затоа на секој заинтересиран за инвестирање во криптовалути му препорачувам да не очекува дека ова ќе му биде главен извор на приход. Треба да се гледа како забавен side business кој што со правилна игра ќе врати бар некаков профит, а некогаш и доволно за пензија.