Имам Ford Focus MK2 od 2009 година со мотор 1.4. Колата како кола е ок, но потрошувачката е преголема.
Сакам да вградам плински уред, но од тоа што успеав да прочитам, тоа и баш не препорачливо.
Имено поради поголемата температура на согорување, кога се користи плин, доаѓало до оштетување на вентилите а и се јавувале проблеми со катализаторот.
За проблемот со температурата, наводно се вградуваат капалки со цел да се врши разладување, а воедно се препорачувало на секои 100-150 км возење на автопат, мануелно да се префрли на бензин како погонско гориво.
Какво е вашето мислење и каква е вашата препорака за овие работи ?!