Здраво Ми-Да,
Какво е вашето мислење( искуство ) за горивата во Македонија и дали препорачувате било какви адитиви за гориво или масло во Фордовите мотори.( мене лично ме интересира за 1,4 Tdci).
Горивата во Македонија во принцип се со лош квалитет, во последните години тој е подобрен но не доволно. Со оглед на тоа моторите реагираат
во однос на бучава, потрошувачка на гориво, емисија на издувни гасови...
Адитивите се препорачуваат за одредена намена (незамрзнување на гориво, чистење на гарежи и талози) и затоа е потребно да се ставаат во право време но со нивната
честа употреба може да дојде до оштетување и нагризување на моторот. Исто така од особена важност е намената на адитивите за конкретен агрегат
и помината километража.
Поздрав
Ми-Да Гранд Моторс