Бидна и автомеханичар...
Сменети дискови и плочки напред, сменети комплет гуртни позади. Предницата е добра, држачи на мотор здрави. Има губење на антифриз, ама по малце, па испарува не може да се види од каде губи, штом стане посериозно ќе се преземат мерки.
Исто така има 2 грешки на дијагностика, од кои едната е греач, а другата не знам за што е... Најверојатно малата нерамномерност при работа на моторот е резултат на една од грешките.
Остана уште тоа да се среди, ќе биде секако пред одмори. И превентивно ќе јаде едно адитивче за дизните.
Се надевам дека следно ќе биде мал сервис, после нова година.
До тогаш, малце раат.