Цики се врати кучи, вчера. Ама врнеше, па не можев да сликнам одма...
Резултати - одлични. Задниот браник среден цел, со тоа чирот што беше заварувана пластиката и убаво израмнети вдлабнатините околу сензорот.
Задното крило од возачката страна беше деформирано, сега е доведено у ред.
Предниот браник среден... Беше гребнат од двете страни, и се лупеше бојата околу магленките и знакот...
Остатокот од колата исполиран.
Се на се - топ.
Денеска однесена на проверка за климата, откако беше напунета со боја... Испадна дека е ладилникот за клима е дупнат... Чекам само да ми закажат термин и да кажат цена.
Си купив и Philips White Vision Ultra сијалички, заедно со комплет бришачи.
После климата ќе остане уште да се оди на механичар и едно хемиско да се напраи...
И тоа ќе биде тоа во некој подолг нареден период, се надевам.
Sent from my Xiaomi 12x