На мојов мајстор му верувам 100%. Камо сите да се ко него...
Него ова мене ми е идеа само. Не мора да значи дека се ќе треба да се оправа/мења...
Муабетот ми беше дека секако ќе вложам поголема сума на пари, па ако треба и такви некои работи да се средат. Ако не треба, уште поубаво.
Sent from my Xiaomi 12x
Што се однесува до турбина, турбината не е дел што откажува одеднаш кај нормално, не форсирано возило.
Проверка на луфта на осовинката на турбината ќе каже до „каде е“. Ако има голема луфта, тогаш ќе правиш промена. До тогаш реално нема потреба да се прави ништо. И да протекува малку масло, тоа е сосема нормално бидејќи нема турбина која по некое време не почнува да тече.
Јас повеќе би се сеќирал да проверам дизни, да се види во каква состојба се. Најубаво е механички да се проверат - тестираат, бидејќи на дијагностика мислам не е толку веродостојно.
Тоа би било од чепкање на мотор.
Јас би изчистил исто EGR, MAP, MAF.
Би проверил ламбда сонда (прво со дијагностика да се види дали има потреба од промена се разбира).
Би сменал разладни црева ако ме прашаш мене, оти најмногу страдаат колите таму заради термички циклуси, а нема позаебано да ти се скини црево да ја шлепаш колата.
Исто може и за гориво.
Пумпи редихтовање ете ако ти е мерак да се сменат дихтонзи... ама тоа е ептен да навлезеш.