ај прочитајте на уљињата позади на спецификацијата дали пишува рок на употреба?
или уште попрецизно дали на има рок на употреба од кога ке се отвори.
дали сте сретнале таква пишана информација од било кој производител на уље.дали произведителите на уље пишуваат дека треба да се менува еднаш годишно или тоа е само муабет на одредени сервиси кој го пуштија пред неколку години.
дајте пишана информација,доказ дека било која фабрика што прави уље пишува дека треба секоја година да се менува.
п.с.никако неможам да поверувам или сам себе да се убедам дека уљето има рок на употреба 1 годнна.
еве маршер нека потврди дали пред 10-15 години го имаше овој муабет?
Тогаш се правеа муабети по кафани, на собири по куќи, немаше интернет.
Има кај пишува за менување на маслото, но сега рокот е подигнат на 2 години од временски аспект гледано.
Веројатно е тоа заслуга на подобрување на квалитетот на маслото и се подобрите адитиви што се употребуваат во нив.Едно време, пред две децении, со тој квалитет на масла што ги имаше се практикуваше промена на маслото после 3000км.Кога се појави првото Оптима синт 2000 се покачи периодот на 5000, а со ИНА делта синт и нешто повеќе.Се сеќавам дека на еден нисан сани 1,6 кога му ставив синтетско масло, вртежите на лер рипнаа за 100 повеќе.Во тоа време се носеше кастрол од странство и беше омилен кај тркачите.Сите одеа да го мирисаат специфичниот мирис на кастролот што излегуваше од ауспусите на тркачките коли и паѓаа во несвест од одушевување.
Од мое искуство, имам приметено дека одредени типови на масла се држат добро до одредена км-тража , а после тоа забрзано се трошат.Вероватно тоа им е и лимитот и периодот кога треба да се сменат.
Заборавив да дополнам, на пример со појавата на вектра ц, периодот за промена на масло од фабриката се промени на 30000 за бензинци и 50000 за дизели или 2 години, од поранешните 15000 или една година, а квалитетот на маслото остана ист.Така да има нешто и во твоето размислување.