Пошто веќе имаш Ц3 дизел и доколку не си строго определн за новава кола да биде дизел, размисли за Хонда Акорд 2.0 бензин, 22000 евра е со солидно ниво на опрема. Ќе треба да инвестираш во плин и во ксенон, бидејќи мислам дека има халогени фарови, али фарот си е со лупа.
Прочитав дека си пишал не сакаш кола на метро, ама сметам дека Акордот е далеку од кола на метро. Проблемот е што сакаш дизел, доколку можеш да направиш компромис, сметам дека ова е одлична понуда.
Околу возилата што веќе ти се во некој потесен избор, ако може така да се каже, колку и да не е најубав голфот(7ица), според мене како пакет е можеби најдоброто возило, нешто по што и е претпознатлив еден голф. Проблемот е тоа што со онаа опрема што би било задолжително да ја има голфче со 2.0тди, не знам колку цената ќе биде до 22000 евра.
Октавија ако зимаш, само врс, обичната ми е премногу такси возило и колку и да е добра како кола јас лично не би искеширал толкава сума на пари колку што ти си спремен да дадеш за октавија. Кога ќе ги видиш другите коли што ти се во потесен избор, октавијава ти доаѓа ко кола на метро.
Кај фокусот можеби можеш да добиеш највеќе за парите, ако не ти пречи излгедот ја би го ставил у топ три заедно со голфот и маздата, која што сметам дека е одлична кола, само што можеби цената е малку превисока со оглед на тоа што е ептен тазе модел.
308ицата кога ја гледав у Цити мол, ми остави страшно добар впечаток, ама со волкав буџет да земеш 1.6хди 115 коња е еднакво на грев, а кога ги прашав за помоќен дизел мотор ми рекоа дека 115 коњскиот е моментално најјакиот дизелаш во понудата. Сега не знам како стојат работите, можеби има помоќен дизелаш.
На крај леонот, мене лично ми е шминекрско ауто, си има свои убави моменти, меѓутоа некако ми фали нешто за целосно да ја комплетира сликата на автомбил кој што би рекол, еј да иам 22000 евра какво леонче би земал. Али ова е мое субјективно мислење и ја пре би голф него ли леон.
Најбитен момент е тоа што мораш да ги провозиш колите. Тогаш, сигурен сум дека многу полесно ќе можеш да издвоиш 2-3 возила кон кои целосно ќе се насочиш.