Автор Тема: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра  (Прочитано 40056 пати)

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #120 на: 19 Февруари 2014, 14:33:57 pm »
i ja bi mu go prostil zadnikot na fokusov

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #121 на: 19 Февруари 2014, 14:47:55 pm »
За тие пари имаш добар избор на добро опремени автомобили. Прошири го изборот на возила, дистрибутерите се расположени и за ценкање.

Пробај ги, разгледај ги детално, развози ги сите кои ти влегуваат во изборот.

И пиши која кола ти направила најмногу мерак.


Јас ќе ти предложам Astra. Но, сметам дека и Golf 7 и Octavia се одлични и би ги возел anytime. Поради тоа моето мислење е ирелевантно.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #122 на: 19 Февруари 2014, 17:29:06 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ford Focus
5 врати 2.0l TDCi DPF (103KW / 140KS) M6
Лумбарна подршка на возачкото седиште
Темпомат со можност за ограничување на брзината
Xenon предни светла
16" алуминиумски фелни со 11 краци и 215/55R16 гуми
Предни спортски седишта

Апсолутен конфор и елеганција за едвај 20.000 евра, со ксенон, LED, алуминиум... се што треба. За 22.000 и аутоматик може ако сакаш. (или 163кс дизел мотор, наместо 140кс)

Незнам кој може да го понуди ова за оваа цена освен Октавија или Киа.


За тие пари не е лошо.

Сепак верувам дека треба да се рашеташ по салоните. А Пежо 508 како ти се чини ?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #123 на: 19 Февруари 2014, 17:32:09 pm »
Покажи ми 508 дизел за 22к еура.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #124 на: 19 Февруари 2014, 17:34:39 pm »
Ако си со установена дијагноза, 508 е во ред.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #125 на: 19 Февруари 2014, 17:57:09 pm »
Покажи ми 508 дизел за 22к еура.

Нека праша во салонот на Пежо. Може ќе добие понуда што не се пропушта.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #126 на: 19 Февруари 2014, 18:37:08 pm »
Можда и RCZ ќе му понудат!

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #127 на: 20 Февруари 2014, 09:10:07 am »
Добро утро дечки,
баш ја ценам дискусијава што се развива, фала ви на сите што учествувате.
- Во однос на тоа каде ќе се возела колата. Соодносот би бил нешто вака 60% меѓугратска - со 40% низ град, тие 60% може и нагоре да одат, бидеќи за низ град имаме едно Цитроенче C3 дизел, кое би го користеле за низ град. Другата кола би се возела низ град, само кога цитроенчето е недостапно, а ќе се случува од време на време.
- Друг момент што сакам да го истакнам е следниот. Читав низ форумов имаше една интересна тема која гласеше нешто како- Дали повисока класа на кола без опрема, или пониска класа со многу опрема.
Мојот став према оваа дилема е дефинитивно пониска класа со повеќе опрема, бидеќи повеќе ќејф би ми правело некое помало возило со многу опрема откако некоја кола на метар што внатре само најосновните работи ќе ги има. Ако имав поголем буџет тогаш ќе ги разгледував поголемите коли нормално.


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #128 на: 20 Февруари 2014, 09:13:18 am »
Повисоката класа има исто опрема во средно ниво,одколку пониската со топ.(барем така треба да е). :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #129 на: 20 Февруари 2014, 14:02:26 pm »
Епа ти чим имаш c3 тогаш немаш гајле... Јас мислев да не бидеш со една кола, а ова е више друга работа... Јас и секој друг, би се подразмислил затоа што изборот е огромен... Погледни ако ти прави мерак и kia ceed со дизел мотор 1.6 128кс и фул опрема за 18.500 евра + по потреба нешто да си додадеш и попустче, па ќе дојдеш до некоја убава сума... Значи како што веќе спомнав изборот е огромен значи јас на твое место би се размислувал помеѓу: октавиа, пежо 308, голф 7, мазда 3, тојота аурис, киа сид, шкода рапид спејсбек или седан, форд фокус итн... Значи на слатки маки си како што би рекле, најдобро е да си пробаш на лице место и некоја добра понуда ако падне на лице место, па споено со твојата импресија и на крај да си дадеш твое мислење или ако толку ти се засвиѓа некоја кола одма да ги изброиш парите... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #130 на: 20 Февруари 2014, 14:07:08 pm »
Гледај да земеш кола со ксенон фарови.

Не ЛЕД, не Халогени туку со Биксенон. Сеуште се далеку над овие споменативе, а на отворено голема е разликата. А може и да си ставиш сам ксенон, ако фарот е со лупа.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #131 на: 20 Февруари 2014, 14:12:08 pm »
Гледај да земеш кола со ксенон фарови.

Не ЛЕД, не Халогени туку со Биксенон. Сеуште се далеку над овие споменативе, а на отворено голема е разликата. А може и да си ставиш сам ксенон, ако фарот е со лупа.

Се согласувам со дени, земи си со ксенон фарови, башка повеќето од колите денес се со лупи во фаровите и лупи + ксенон ти е ептен добра комбунација, а плус на тоа додади и лед, е тоа е више перфекција... ;D
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #132 на: 20 Февруари 2014, 14:42:21 pm »
За тоа се согласуваме потполно, и во живо се имам уверено во разликата помеѓу би-хенон и халоген од практичен аспект, а плус на тоа и на изглед ми делуваат доста попривлечно  :D
Викендов највероватно ќе почнам да шетам по салониве, па ќе известувам потоа.
Поздрав.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #133 на: 20 Февруари 2014, 16:03:11 pm »
Пошто веќе имаш Ц3 дизел и доколку не си строго определн за новава кола да биде дизел, размисли за Хонда Акорд 2.0 бензин, 22000 евра е со солидно ниво на опрема. Ќе треба да инвестираш во плин и во ксенон, бидејќи мислам дека има халогени фарови, али фарот си е со лупа.
Прочитав дека си пишал не сакаш кола на метро, ама сметам дека Акордот е далеку од кола на метро. Проблемот е што сакаш дизел, доколку можеш да направиш компромис, сметам дека ова е одлична понуда.

Околу возилата што веќе ти се во некој потесен избор, ако може така да се каже, колку и да не е најубав голфот(7ица), според мене како  пакет е можеби најдоброто возило, нешто по што и е претпознатлив еден голф. Проблемот е тоа што со онаа опрема што би било задолжително да ја има голфче со 2.0тди, не знам колку цената ќе биде до 22000 евра.
Октавија ако зимаш, само врс, обичната ми е премногу такси возило и колку и да е добра како кола јас лично не би искеширал толкава сума на пари колку што ти си спремен да дадеш за октавија. Кога ќе ги видиш другите коли што ти се во потесен избор, октавијава ти доаѓа ко кола на метро.
Кај фокусот можеби можеш да добиеш највеќе за парите, ако не ти пречи излгедот ја би го ставил у топ три заедно со голфот и маздата, која што сметам дека е одлична кола, само што можеби цената е малку превисока со оглед на тоа што е ептен тазе модел.
308ицата кога ја гледав у Цити мол, ми остави страшно добар впечаток, ама со волкав буџет да земеш 1.6хди 115 коња е еднакво на грев, а кога ги прашав за помоќен дизел мотор ми рекоа дека 115 коњскиот е моментално најјакиот дизелаш во понудата. Сега не знам како стојат работите, можеби има помоќен дизелаш.
На крај леонот, мене лично ми е шминекрско ауто, си има свои убави моменти, меѓутоа некако ми фали нешто за целосно да ја комплетира сликата на автомбил кој што би рекол, еј да иам 22000 евра какво леонче би земал. Али ова е мое субјективно мислење и ја пре би голф него ли леон.

Најбитен момент е тоа што мораш да ги провозиш колите. Тогаш, сигурен сум дека многу полесно ќе можеш да издвоиш 2-3 возила кон кои целосно ќе се насочиш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #134 на: 20 Февруари 2014, 20:43:31 pm »
За тоа се согласуваме потполно, и во живо се имам уверено во разликата помеѓу би-хенон и халоген од практичен аспект, а плус на тоа и на изглед ми делуваат доста попривлечно  :D
Викендов највероватно ќе почнам да шетам по салониве, па ќе известувам потоа.
Поздрав.


Ако сакаш друштво кажувај :)