По по по негативни коментари, неверојатно.
Ај да почнам по ред: јас имам Антара 2.2ЦДТИ 163кс погон предни, ја купив нова во Јули 2012 год. Скоро една година барав компактен СУВ, во предвид беа корејците/јапонците (Sportage, IX-35, Qashqai, АСХот). Реално Кугата и Тигуанот можам да речам дека се подобри коли ама беа 10к поскапи. Техниката/платформата е од Вектра Ц (то веројатно знајш), не е од Инсигниа.
Ако денес коментираме за најдобар компактен СУВ, земи си Мазда СХ-5, друга димензија од се на пазарот (ама и 10-15к поскапо).
Да се вратам на мојот избор.
Прво, субјективно: во дизајн најубава ми беше, онака баш како за џип. Идеални димензии, форма сл. (ама ова е субјективен фактор).
Второ, зошто Антара, а не Каптива. Знам дека технички се една иста кола. Во салон една до друга, Антарата со вратата прави клик, на Каптивата се затвора од 2-3 пат. Прашвам зошто, па ми вели сепак има разлика во квалитетот на склопување. И Каптивата е едно 20-25цм подолга (знам за џип се бара големо, ама ова ми беше ептен преголемо)
Во поглед на внатрешноста, точно е дека правеле коктел од постојните модели на Опел. Конзолата/воланот/инструмент таблата се микс од старата Вектра, старата/новата Астра. Што се однесува до квалитетот на материјалите, тие се истите од погоре споменатите модели. Единствен модел е шо има мека пластика на цела инструмент табла и на сите четири врати. Можи дизајнот заради овај микс не е баш последен крик на мода, ама мене ми беше складен, а по мој вкус квалитетот на материјалите и меката пластика беа најдобри од погоре спомнатите конкуренти (BTW истиот филм со затворањето на вратата и кај корејците го имав, и исти коментари, па добро де треба малце посилно). Крцкање во интериер, има понекогаш, не велам не. Смета? Некогаш да, некогаш не. Во сите тестни коли уште нови неразвозени имаше крцкање. За жал тој е квалитетот за тие пари. Ако сакаш подобро, плати поскапо, ама и Мерцедесот ГЛК 2 години стар, па крцка.
Вожња: ако бараш кола за трки, заобиколи џип уопште (освен Х3 и СХ-5). Ако бараш кола за комфорно и лежерно возење, како јас, мене ептен ми го прај ќефот секојпат ко ќе ја возам (а го поминала пола Балкан). Не замара на долги релации, лесна е за возење и сопатниците исто коментираат дека не е тврда или неудобна или сл. Дека на 140км/ч не се идржва, но комент. Мој максимум шо сум го постигнал е 190км/ч на обиколница Солун, и колата беше ко на шини и имаше потенцијал за уште. Јас си ја возам темпо 120-140км/ч.
Потрошња: отворено ~7л/100км, сум спуштил и на 6.5л/100км, ама оди вози така

Градска, 8.5л/100км. Голем фактор на потрошњата има ДПФ филтерот, во град уклучва многу често ако возиш на кратки релации и зголемва потрошњата, ама и секој модерен дизел ја има та мака (па дури и ВАГ-групација).
Внатрешноста е удобна за 5 луѓе (возрасни). Багажникот морам да признам е среден, многу спасува долната фиока што се крева. Во однос на то дека сепак (не) е “џип” само со преден погон, ќе ти кажам дека возењето на џип (макар и со предна) не е само за крос-кантри. Прво многу е поудобен на лоши патишта (читај 90% од Македонија), било каде можи да помини ,да го качиш, и со добра гума сепак е многу посигурен на снег/мраз од патничка кола (заради комбинацијата на тежина/електроника/висина и многу други работи). Ова исто од искуство, лани зимоска (која имаше снег) на Пампорово го качив/возев/помина на места каде патничка коли не можеја (сите со зимски гуми)
Не ти велам дека Антарата е совршена, обавезно купи ја. Кола ко кола, има и добри страни и лоши страни (мислам дека ти разјаснив колку можев, шо те интересира пиши ПП). На пазарот има и подобри и полоши, и поефтини и поскапи коли. Земи си то шо ќе ти го прај ќефот секојден ко ќе ја видиш/возиш, пошто сепак ќе дајш ~20к, значи имаш избор.. Понудата за 16.5к е за 2.4 бензин, ако имаш бензинска земи го него

.