@Falanga: Баш белата ја имам. Каков хибрид, какви бакрачи.
Сеа за сеа:
- Колава привлекува внимание. Вчера 3-4 луѓе ме прашуваа за неа, и каде и да одам луѓе се вртат. Импресивно.
- Седечката позиција ми е малку превисока, би сакал пониско да седам.
- На седиштата им фали странична поддршка, особено на седалото.
- Моторот работи одлично и тивко.
- Колата е голема и комотна.
- Исклучително тивка при поголеми брзини (рецимо, ~140 на автопат)
- Менувачот е непрецизен.
- Назад е непрегледно, сензорите ептен бркаат работа.
- Ергономијата е воглавно добра, немам конкретни забелешки, освен тоа што кога јас ќе се наместам за возење, централната конзола ми е троа далеку.
- Рачната е лабава.
- Позади има МНОГУ простор.