Автор Тема: Kia Optima 2011  (Прочитано 40790 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #15 на: 24 Јануари 2011, 19:16:34 pm »
Ајдеееее, пак бројки од месечината (274кс !?). Кај го прочита ова жити се?
:D http://lmgtfy.com/?q=Kia+Optima+2.0T

Цитат
Ова е Америчко нешто, за кај нас може да се изнасмеам само. Традицијата продолжува. Добро не ви е незгодно вака да во мозок да ве бушат? :)  
Нека се појави кај нас па ќе видиме. Во секој случај, очекувам за нашиот пазар да има 1.6GDI, кој во принцип ќе биде најкупуван модел, ала Focus 1.4 Trend. Ама, ќе видиме и што ќе понудат од помоќните мотори.

Цитат
Претерав чисто за илустрација, што викаш, нормално дека не сум сериозен! Ама многу фејкерски ми делува така кога ќе прочитам, а деца се палат на бројчињата... :)
Не деца, туку возрасни, и тоа универзитетски образовани лица.
Цитат
Ќе се задржам на дизелите зошто барем пореални се, ова циркузов друг пат. :)
Ех, сеа на дизелите. Сакаш да кажеш на турбо-дизелите ;) А турбо бензинците?

Цитат
Како што реков 2.0 дизел со турбо или пар од нив, од околу 100-150кс би било пристојно. Под услов да нема турбо каснење. Моторот го средивме, ајде сега другото...
Па дизајнот е сосема пристоен. Исто и ентериерот, на изглед. За квалитет ќе видиме.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #16 на: 24 Јануари 2011, 19:31:38 pm »
Изгледа не ме разбираш. Не викам дека ГДи нечини. Туку дека не е за таа кола. Ниту е за СУВот. Тоа е одличен мотор за во Сид рецимо, така и да го свртиш го 6000 да му личи. Сфаќаш?
Лимузина што пишти, ај сеа... Треба голем мотор што нема да се мачи, ни да писне. Крузер ли е, не ли е. Затоа реков турбо-дизел, баш би личел.
За кај нас баш ме интересира најмалиот турбаш кога ќе го извадат, зошто додека нема некој таков ќе се удавиме во водите од 150Нм.
Жално е да имаш убава кола, еве нека е по твои стандарди Оптима и да има ГДи... :)
Чисто од логика, некако така ми иде.
Не е важно, ако ништо друго (а верувам е така), барем тргнаа напред во дизајн. Полека полека ќе ги земат бившите луѓе и од другите одлични компании, ќе ги качат цените и целата поента на купување корејско (најефтино) е уништена. На крајот на краиштата, да не заборавиме зошто воопшто се погледнува вакво возило - исклучиво заради цената. :)

П.С. Викаш Фокус тренд 1.4, а поарно да го има ГДи 1.6 во спортаж и да го нема во сид каде што е најважно да го има? Логикава им фршти.
« Последно менување: 24 Јануари 2011, 19:33:57 pm Deni »

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #17 на: 24 Јануари 2011, 19:44:03 pm »
Другар нив логиката им е супер, они произведуваат коли сериски, те повеќе те помалце напипуваат па кој како ќе се излаже да купи, сега на ова можеш да имаш стотина против аргументи, кои постојат, пишани се, некој ги кажал а не се вистинити, се со цел да се прелажат купувачите. Се на се ко ќевидиш на сите им е побитно што повеќе коли да продадат, ако сите купувавме коли над 200 коња и бензинот и нафтата не поминуваа 20 денари, зарем ќе имавме коли по салоните од по 100 коња а тешки 2 тона.
« Последно менување: 24 Јануари 2011, 19:49:56 pm chlink »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #18 на: 24 Јануари 2011, 19:47:24 pm »
Не е важно, ако ништо друго (а верувам е така), барем тргнаа напред во дизајн. Полека полека ќе ги земат бившите луѓе и од другите одлични компании, ќе ги качат цените и целата поента на купување корејско (најефтино) е уништена. На крајот на краиштата, да не заборавиме зошто воопшто се погледнува вакво возило - исклучиво заради цената. :)
Дотогаш кинезиве ќе ги усовршат кантите и тотално ќе ги заменат корејците во тој сегмент. Ако ништо друго, ќе имаме поголем избор на Kiayndai алтернативи одошто сега..
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #19 на: 24 Јануари 2011, 19:58:34 pm »
Е нема да имаме... Тогаш истиов муабет ќе биде за Гели, Брилианс, Чери, Рове и сличните им. Што ќе даваш пари за Оптима, кога за 2000 поефтино имаш Рове 550. За тоа потоа.
Еден ден ќе се разбудиш и ќе видиш Ц класа, ќе повозиш 3ка, ќе те повозат во ЦЦ, ќе прочиташ за А4... И ќе ги заборавиш смешните пластични колички... :D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #20 на: 24 Јануари 2011, 20:08:50 pm »
Дени, секој нема буџет за Ц класа, 3-ка, ЦЦ и слично. Секој во рамки на можностите. Во спротивно немаше да постјат многу брендови на пазарот, меѓу другите и VW немаше да постои. Но како што гледаме денес не само што постојат помалку добри брендови од VW, туку постои и ѓубре како Gely, Chery и други и некој нив ги купува.

Така е за сите работи во животот. Сите знаеме дека е убаво да живееш на Малдивите во хациенда од 3000 квадрати со 10000 квадрати двор, 15 слугинки и помошнички на возраст од 18 до 25, возен парк од 10 милиони евра и слично. Ама тоа го уживаат помалку од 1% популација на планетава.

Да се вратиме на темава, за да биде успешна Оптима, ќе треба ценовно да биде правилно поставена. Односно, да нуди подеднаков квалитет, перформанси и дизајн како модели од повеќе популарни марки, а да биде поефтина со 15-25%. До сега Kiayndai ја водеа таа ценовна стратегија и беа мошне успешни во тоа. Погледни ги ретроспрективно бројките на продадени возила во последниве 5 години.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #21 на: 24 Јануари 2011, 21:17:45 pm »
Понатаму снагата му е мерена на осовина на мотор, не на тркала.

Кај сите производители декларираната снага е на осовина на мотор, не на тркала ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #22 на: 24 Јануари 2011, 21:49:55 pm »
Кај сите производители декларираната снага е на осовина на мотор, не на тркала ;)
Различни се мерењата. Зависи од стандардите. Во Германија се DIN, во Јапонија се JIS и тн. Според DIN се мери на тркала.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #23 на: 24 Јануари 2011, 22:14:18 pm »
Нема шанси некој во каталог да ја пишува моќноста на тркала. Хаос ќе биде ако едни пишуваат моќност на тркала, други не :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #24 на: 24 Јануари 2011, 23:01:38 pm »
Види ние можиме да си муабетиме до сабајле, али работите се менуваат корејциве најголем пораст имаат на годишно ниво, плаќаат дизајнери и тој 1.6 гди мицибуши им го направи, сега во најава е на него турбо па ќе има едно 160-170 конји, а за оптимата е фантазија,внатрешноста ми е многу слична на ауди, па и од тамо им е дизајнерот, инаку е во класата на рено флуенсе, круз, лансер и сл и за брзо време од лето и кај нас ќе ја биде, топ модели почнаа да вадат визуелно.



Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #25 на: 24 Јануари 2011, 23:07:49 pm »
Дефинитивно ми се допаѓа како изгледа, и од внатре и од надвор. И јас не сум до толку скептичен и немам кореофобија :)

Другарка има Санта Фе од старите, џипот мука нема, а го уби од возење. Не е нешто премиум, али презадоволна е, а и јас го возев доста и сасвим ОК е. Исто така и Киа Соул имам у близина, одлично количе, далеку од полупроизвод и бљувотина.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #26 на: 25 Јануари 2011, 01:05:12 am »
Внатре не само што личи туку е исто со Сеат, ако веќе споредуваме. Предницата од Поло. Овие две работи се добро украдени. А никој не го прокоментира газот. Мене ли личи на Мондео ама малку чуден. Многу високи ги прават газовите некако, не оваа и Мондеото. Безвезе. Убава е од надвор зошто личи на европско ауто.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #27 на: 25 Јануари 2011, 01:11:39 am »
Што е битно на што личи, важно личи на нешто, а не е баш исто како него (кинеска копија).

Иначе мене ми личи од напред на америчкиот Акорд купе.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #28 на: 25 Јануари 2011, 03:06:49 am »
DENI@
Внатре не само што личи туку е исто со Сеат, ако веќе споредуваме. Предницата од Поло. Овие две работи се добро украдени. А никој не го прокоментира газот. Мене ли личи на Мондео ама малку чуден. Многу високи ги прават газовите некако, не оваа и Мондеото. Безвезе. Убава е од надвор зошто личи на европско ауто.

Dobro be Deni kako uspea da vidis polo u ova auto navistina neznam, :D aj i nie "zabegani" po nasive Lanceri, Alfi, Hondi, ali ti be batica epten si zaljuben :-* :o izgleda vo tvoeto Polo sto e super ne me svakaj pogresno....ali daj ne go mesaj VW i ovde...ne za drugo od eden VORTEX >:( izbegavme od drugiot forum ke treba pak da begame....
Ovoj forum e barem opusten i nenapinjacki, daj neka ostane taka.

Inace za autovo se gleda deka idele na poevropski design, ali mi se sviga sto gore dolu zdrzuvaat nekoj si niven stil na dizajniranje, ne se kako Hyundai sekoe naredno vozilo im e sosema razlicno od prethodnata generacija, kako da ne go nasle svojot pravec.
« Последно менување: 25 Јануари 2011, 03:09:52 am Banzai »
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #29 на: 25 Јануари 2011, 03:25:25 am »
многу добро изгледа киа-ва сигурно ќе има и интересно ниска цена во поглед на тоа што ќе го нуди и во однос на конкурентите, корејциве се ненромални хјундаи/киа имаат забалежано огормоен раст видете што се случува и со самсунг и лг корејците не се веќе тоа што беа па да се споредуваат со кина сега се и те како јака конкуренција на јапан и малку от мислам дека и кина набрзо ќе им се приклучи според мене тоа што сакаат да го постигнат корејците па и кинезите е да се докажат дека се квалитетни издржливи вредни за парите не преценети и мислам дека добро им оди во тој поглед и ќе изградат добра репутација. еве конкретно за коли јас имам слушнато многу повеќе задоволни сопственици на киа него ли на фиат а секогаш се плука по киа по хјундаи по кореа, како да си ги штитиме европјаниве