Автор Тема: Kia Optima 2011  (Прочитано 40460 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #75 на: 27 Јуни 2012, 17:17:46 pm »
За доручек го јаде пасатчето











Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3724
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #76 на: 27 Јуни 2012, 17:21:57 pm »
На Пасатот може да му залепиш знакче Chery и никој нема да го забелижи.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #77 на: 27 Јуни 2012, 17:52:02 pm »
^Апсолутно се согласувам!
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #78 на: 27 Јуни 2012, 17:53:20 pm »
После 50.000 едната ќе има седишта, а другата ќе нема. :) :) :) :) :) :) :) :) :) :) :) :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #79 на: 27 Јуни 2012, 17:53:59 pm »
Седиштата се друга работа сеа за дизајнот збориме.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #80 на: 27 Јуни 2012, 17:58:45 pm »
Сепак, дизајнот изгледа овој пат се наплаќа како во Ферари, со оглед дека е единственото нешто во колава. :) Како и да е, за 19к како онаа што дојде - е одличен избор. За 25к - ќе се запрашам.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #81 на: 27 Јуни 2012, 19:15:20 pm »
Дизајнот им недостасуваше, квалитетот секогаш бил присутен за тоа си сведочат сопствениците.

Реално ВЊ и Тојота највише ќе го осетатат ударот кој следи од Елантра, и30 и Оптима.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #82 на: 27 Јуни 2012, 20:48:31 pm »
Оптимата секако дека е добра,дури и за Елантрата може тоа да се каже,ама дека ВЊ ќе осети удар од овие 2 спомнати компании,тешко..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #83 на: 27 Јуни 2012, 21:05:10 pm »
VW не да ќе осети удар, туку веќе и го осеќа. Го осеќаат сите сериозни автомобилски компании, и ако не ги сфатат KIA и Hyundai сериозно, гадно ќе се заебат.

Факт и реалност е дека Корејските производители напреднаа драстично прошливе неколку години. Сум рекол милион пати, и ќе речам пак - преземањето на Питер Шрејер од Ауди е најдобар потег кој Киа го има направено во својата историја.

Е сега, конкретно кај Оптимата дури е приметлива борбата помеѓу Шрејер и шпараџиите од Киа. Шрејер сака да понуди премиум возило (што е приметливо по дизајнот, опременоста, итн) али Корејците сакаат на ситници да заштедат, па на колата и фалат оние последните 5% за да биде навистина на самиот врв.

Да, дизајнерски (од надвор) изгледа одлично. Опремена е одлично, и добро е изолирана од бука итн. На автопат е стварно комотна за патување. Ама (и ова е многу битно ама) финалната обработка не е тоа што би требало да биде. Рачната е лабава - игра горе-доле добри 5 цм (треба да проверам дали и во другата кола е така, или овој проблем го има само оваа што е кај мене на тест), прскалиците за фарови кога се затворени не легнуваат скроз како што би требало, сувозачката врата крцка, и некои такви, ситни моменти кои многу малку го нарушуваат одличниот впечаток кој колата го остава. Некој друг можеби и не би ги ни приметил.

Во секој случај, КИА има одличен играч во класата. Цената на прв поглед е висока, ама пак тука игра улога опремата - опремете конкурентски модел (еве, пошто се фативме за пасат) со ксенон, кожа, сензори за паркирање, 17-инчни тркала, keyless entry (што мене ми е практична работа во кола од оваа класа), електрика на седишта, греење на седишта, блутут итн, па ќе праиме муабет околу цената.

Тој што ќе купува кола од оваа класа и ќе ја прескокне Киата пошто е Киа, ќе направи сериозна грешка. Аутото е стварно многу, многу добро.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #84 на: 27 Јуни 2012, 21:15:50 pm »
Аутото има ооооооОООООгромен гепек! 2.0 бензинче со 165кс, со плинска боца за сите пари, би бил одличен потег...... Ама мислам дека е поскап од дизелчево, што е неопростиво....

А, да... уште нешто... аутото има простор и на задните седишта, на кој може да му позавидат конкурентите. Сепак димензиите, и внатрешни и надворешни, се импозантни...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен IvAnA

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 487
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #85 на: 27 Јуни 2012, 21:57:45 pm »
Еве и ја да пишам. На собирот имав можност да се возам у Оптимава (за жал не ја возев јас) и можам да кажам дека е ОДЛИЧНА! И од надвор и од внатре. Ентериерот многу ми се свиѓа, не е онаква тврда пластика, меко убаво. Седишта се екстра комотни. Звучната изолација е феноменална, ништо од надвор не се слуша. Има милион копчиња ама не се раштркани на сите страни, баш убаво се скоцкани. Кога си внатре немаш чувство како да си во Киа. Стварно е сериозна конкуренција али ипак мислам дека цената треба да е малце пониска.

Се на се...немам зборови. Феноменален впечаток ми остави. :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Тест
« Одговори #86 на: 27 Јуни 2012, 23:01:49 pm »
За прв пат Оптима е представена 2010 година на автосалонот во Њу Јорк а дури сега доаѓа на нашиот пазар. Во САД Оптима е вистински бестселер и се бара автомобил повеќе. Поради огромната побарувачка Киа одлучува да отвори фабрика специјализирана за производство на Оптима во американскиот град Вест Поинт во државата Џорџија.
Со отварањето на фабриката во Вест Поинт која треба да одговори на побарувачката во САД, конечно се овозможува Оптима да пристигне на Европскиот континент.

Должина- 4845 mm
Висина - 1455 mm
Ширина - 1830 mm
Meѓуосовинско растојание - 2795 mm ( меѓу најголемите во класата )

За дизајнот е одговорен Peter Schreyer. Каросеријата на Оптима е со коефициент на отпор 0.29 и располага со багажник со капацитет од 505 литри.
Киа Оптима изобилува со опрема така да купувачите би се задоволиле и со основниот пакет на опрема означен како SX.

За моторизација се одговорни 1.7 CRDI дизелски мотор кој доаѓа во комбинација со рачен или автоматски мењач, и двата со шест брзини. Дизелскиот мотор развива најголема сила од 136 коњски сили а просечната потрошувачка се движи околу 5.1л/100км.

Зафатнина- 1685 cm3
Сила - 136 кс/4000 о/мин
Обртен момент - 330 Nm/2000-2500 о/мин
Teжина - 1559 кг
0-100 км/ч - 10.3 сек
Максимална - 202 км/ч
Потрошувачка - 4.5/5.1/6.1


Од втората половина на 2012 на располагање ќе биде и 2.0 литарскиот бензински мотор кој ќе развива 170 коњски сили. Кон крајот на 2012 понудата ќе биде проширена и со хибридна верзија која како погон ќе го користи 2.0 литрениот бензински мотор со 190 коњски сили во комбинација со електромотор со најголема сила од 40 кс, просечната потрошувачка би требало да се движи околу 5.4л/100км.

Вреди да се спомне дека Киа возилата идат со 7 годишна гаранција или 150 000 км. Оваа гаранција е бесплатна и пренослива.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #87 на: 27 Јуни 2012, 23:43:15 pm »
Ако збориме за завршна изработка мојот впечаток беше дека е многу квалитетна...не знам за новиот Пасат, ама во споредба со претходниот (2009) е поквалитетна, поелегантна и поергономска.

Оптимава е прв автомобил од Киа кој сум посакал да го поседувам. Кога ќе ги земам сите можни фактори дури и не ми иде да ја споредувам со конфекција ко Пасат...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #88 на: 28 Јуни 2012, 00:16:08 am »
Ова исто би ми се бендисало во изведба на 4.0 V8 на плин. Искрено. Во плава боја.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #89 на: 28 Јуни 2012, 01:20:40 am »
Ако збориме за завршна изработка мојот впечаток беше дека е многу квалитетна...не знам за новиот Пасат, ама во споредба со претходниот (2009) е поквалитетна, поелегантна и поергономска.

Оптимава е прв автомобил од Киа кој сум посакал да го поседувам. Кога ќе ги земам сите можни фактори дури и не ми иде да ја споредувам со конфекција ко Пасат...

Не мешај завршна обработка со ергономија. Завршна обработка е fit & finish, а таму има фалинки. Има и кај ергономијата.. Рецимо, кога си правилно наместен да седиш, за да стигнеш до горниот дел од централната конзола треба да се подисправиш од седиштето.