Друга класа се. Плус кај тебе по спецификација оди Ravenol SMP 5W-30, Ravenol VMP 5W-30 или Motul 8100 X-Clean EFE 5W-30.
Знам што оди конкретно по спецификација. Во упаството пишува било кое масло може со ACEA C2 и ACEA C3,тоест да биде минимум ACEA C2 . 5-40 ставив затоа што досега 5-6 пати имаат ставано масло со таа градација,дури првите 4 години колата додека била во Италија,во официјален сервисер и ставале Селениа 5-40. И јас ставив 5-40 чисто за проба,плус да видам колку ќе го троши. А секако ДПФ-от ми е исклучен така да можам слободно да користам 5-40,а исто така колата наврте 250 илјади,затоа одлучив да ставам друга градација која пружи повеќе заштита на моторот.
Btw,Равенол ВМО е единственото од Равенол што ја исполнуваше спецификацијата што ја бара Фиат за бензински мотор,затоа баш ВМО ставив.