Знам дека имаше посебна тема за препорака на добри сервиси , но не можам да ја најдам, но и ова место е доволно добро.
Менував ламела на пасат Б8 и сервис на DSG , случајно по интернетов го открив сервис во челопек тетовско, ag auto tronic.
10/10 искуство, од прием, до решавање на непланирани проблемчиња, до испорака на возило. Не знам дали се спомнати до сега на форум, само VW групација работат.
Во овластен не можеа прво да откријат што е, косово не ми враќаа на порака, дел од другиве сервиси не се нафаќаа немале соодветен алат итн, а ваму ми кажаа само остави ја и што и да има проблем настрана од ламела ќе го средиме и така беше.
Промена на ламела, лагер на менувач и уште некој ситници платив 1300 еур, за 4 работни дена ја добив назад.