Автор Тема: Закони ли се закони, клаберски маки големи  (Прочитано 120145 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #405 на: 17 Март 2017, 12:26:07 pm »
180 евра + 40 негативни бода е најголемата казна за непрописно паркирање и попречување на движењето на пешаците и велосипедистите. Тоа е најголемата казна, а другите се помали од околу 25 евра.

Казна за непрописно паркирање воошто не ги ни сметам за казни. Но сепак, 200 евра за погрешно паркирање, не, тоа сигурно го нема ни во Холивуд. И јас ги осудувaм сите прекршители, ама се да биде дозирано според нашиот стандард.

1. Процент од личните примања/имотот.
2. Ако е политичар што се прави паметен и нема лични примања ниту имот, тогаш по некоја листа за дефолт казни.


Не сакам ни јас лудаци што по моите булвари навечер возат 160++, и што минуваат на црвено 200 пати на ден.Но не сум видел да санкционираат ниту еден. Тоа исто така голем проблем со кој се соочуваме и не го решаваме.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #406 на: 17 Март 2017, 12:28:29 pm »
Тоа е така затоа што некој изгубил одамна допир со реалноста.

Казните се високи за да може во буџетот за кратко време да стигнат многу пари со малку трошоци, а не заради тоа што некој изгубил допир со реалноста.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #407 на: 17 Март 2017, 12:34:48 pm »
Ај нека ми го објасни некој ко на 6 годишно дете кој е механизамот за намалување на сообраќајните несреќи и прекршноци со брзо полнење на буџетот ако навистина некој не изгубил допир со реалноста?
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #408 на: 17 Март 2017, 12:39:47 pm »
Како? Со зголемување на свеста, многу е едноставно. Што поголема свест, повеќе безбедност и помалку казни.

А кај нас ако видите некој натопорен на тротоар и таман да го опцуете „волот“ кога се паркира, кога гледате од кола ви излева пријател и наместо да му речите да се паркира каде треба, 99,9% ќе му речат „еееејјј пееер кај си бе?“.  ;D
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #409 на: 17 Март 2017, 12:40:22 pm »
Ај нека ми го објасни некој ко на 6 годишно дете кој е механизамот за намалување на сообраќајните несреќи и прекршноци со брзо полнење на буџетот ако навистина некој не изгубил допир со реалноста?

Што има врска намалувањето на сообраќајните прекршоци? Тоа уопште не е предмет на делување на казнувањето.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #410 на: 17 Март 2017, 12:45:05 pm »
Повеќе пари во буџет е еднакво на повеќе свест кај возачите? Да не пропуштам нешто? А тие што немаат ни трошка свест што прајме, што ќе им зголемиме? А кое е делувањето на казните?
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #411 на: 17 Март 2017, 12:55:24 pm »
Обратно си разбрал.
Повеќе свест, повеќе безбедност и помалку полнење на буџет од казни. ;)

Никаде не пишав повеќе казни, туку повеќе свест кога возите коли, точаци или одите пеш. :P
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #412 на: 17 Март 2017, 13:09:18 pm »
Врска немам како би му развил свест на некој ако ја нема воопшто, не сум многу горд што познавам неколку луѓе на кои барем еднаш во месецот им ги креваат колите и/или добиваат прекршочни, има дури и кои возат без дозвола бидејќи им е земена, на голи оток да ги пратиме нив?
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #413 на: 17 Март 2017, 13:25:39 pm »
Ова што го пиша за жал ниту на улица, ниту на форум не се учи.
Или некој е скроен да биде внимателен и совесен учесник во сообраќај или ќе биде тарзан според описот што го наведе.
Ако е тарзан, се знае, назад во џунгла на планина и што подалеку од нив. :(

Но, треба да се запрашаме кој на тие им дал дозвола?  :o
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #414 на: 17 Март 2017, 13:31:04 pm »
Повеќе пари во буџет е еднакво на повеќе свест кај возачите? Да не пропуштам нешто? А тие што немаат ни трошка свест што прајме, што ќе им зголемиме? А кое е делувањето на казните?

Па да се полни буџетот. Кој ги ебе возачите и пешаците, нек гинат. Ко преживи причаче.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #415 на: 17 Март 2017, 13:33:14 pm »
Народот наш нема капацитет да сфати дека мора за се да плати и да сфати дека :

- Паркинг мораш да платиш секаде веќе
- Мораш пешки да изодиш 50 метри и дека не се умира од тоа
- Не мора да се однесуваш ко идиот пошто сите така се однесувале државава
- Дека секоја промена тргнува од себе

Кога ќе се исполнат овие 4 точки погоре тогаш ќе разговараме за казни, прекршоци и жацовци.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #416 на: 17 Март 2017, 13:46:46 pm »
@howitz Да си ми жив и здрав за муабетов. Држи најмногу вода!!!
За да не одат пеш 10-15 метра со куферите од паркинг до влез, знаат колите да ги натопорат пред врата од влез возејќи преку тревна површина и тротоар. Да можеа и со нив ќе се искачеа по скали. Оди кажи им нешто, веднаш знаат да ја „дадат“ една по глава како да се загрозен вид што непочитуваат сообраќајни правила.  ;D

Брука околу нас колку ти душа сака! :(
Ама кога одат со тоа БГ пасошите во имачка одма по пропис возат тамо. >:( 
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #417 на: 17 Март 2017, 13:50:25 pm »
Кај мене блокираа влез со кола и се случи несреќа и не можеше брзата помош да пристапи, можеш да замислиш.

Али постои тој „loop“ или зачаран круг каде што во Македонија секој еден е исфрустриран од нешто што му се случило или му направиле и потоа тој го манифестира тоа со иста или повисока мера.

За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #418 на: 17 Март 2017, 13:53:54 pm »
О, не, не мора да се плаќа паркинг секаде, само во метролопилите. Сори :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #419 на: 17 Март 2017, 13:56:31 pm »
Неее... одам пешки. 
Ваљда имам слобода да одам пешки и да пишувам на форум?  :-[

Не, ама обично на точкашите колите им се вака криви за све.

---

Нејсе, пристапот треба да е од повеќе страни, и полека-полека почнува да се работи. Морам да признаам дека РСБСП се многу активни во последниве година-две, а тоа е за максимален поздрав. Ефектот од активностите нивни ќе ги гледаме тек за неколку години, ама има. И медиумски кампањи, и билборди, и едукации по училишта, итн.

За жал, проблем се сегашните возачи. Тука едукација не го решава проблемот. Тука казни го решаваат проблемот. И повторно, сметам дека казнената политика е погрешна.

Јавна тајна е дека сообраќајците имаат квота која треба да ја исполнат. И тоа е океј, ваљда. Ама наместо да ја исполни денес квотата џандарот со 5 казни по 300 евра, нека мора да ја исполни со 50 казни по 30 евра. Не да пишат 5 казни денес и после да седнат кафе да пијат. Сите знаеме дека не се замараат со возење од 1 до 29 км/час над дозволеното, и сите си возиме во тој ранг. А тоа е пошто он со 5 казни по 300 евра (измислувам, не знам колку е квотата) ќе си исполни норма за тој ден, и после раат.

Пушти го бре џандарот уздуж и попреко, пешки (или на точак) по Партизанска и нека казнува за непрописно паркирање.

Едукација од мали нозе и казни за сите. Ох колку треба да пропеат казни и за пешаци и за велосипедисти, ама ајде..

--

Неврзан муабет. Јас би го вратил и концептот на маалски полицаец. На времето во Влае си имаше „маалски џандар“ и он цел ден шеташе низ населба. Сите луѓе го знаеја, он ги знаеше сите и со сите си имаше добар ден. Значително помалку се крадеше по дворови и некако пораат си беше све.
« Последно менување: 17 Март 2017, 14:08:42 pm zeroSignal »