Автор Тема: Закони ли се закони, клаберски маки големи  (Прочитано 120089 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #390 на: 17 Март 2017, 11:19:48 am »
Добро, како може да се расправате нон стоп за закони и пишани форми на правила?

Свест се подига со работење, а не со пишување и цитирање закони.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #391 на: 17 Март 2017, 11:21:33 am »
Селект...
Дај ми линк од тоа дека сме први во Европа  по број на прегазени пешаци во просек на 1.000 жители.
Да видам кој е под нас и колкави се казните за вице шампионите.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43926
  • Il Moderatore
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #392 на: 17 Март 2017, 11:22:38 am »

Од кога ги зголемија казните од пред некоја година дали опадна бројот на сообраќајни прекршоци? Помалце газат луѓе и помалце прелетуваат на црвено? Имаш некој показател дека повисоките казни резултираа со намален број на сторени прекршоци?


Исто како што ограничувањето по булеварите на 50км/ч донесе до намалување на летачите по булевари. 
Разликата е, тие што возеле со 150 по булеварот после пластичарска до Автокоманда, сеа пак возат 150... Јака мерка за сузбивање на сообраќајниот криминал.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #393 на: 17 Март 2017, 11:23:15 am »
@LosiPatista  Колку те ропнаа?
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #394 на: 17 Март 2017, 11:28:12 am »
Твојата мисија е повеќе очигледна, застануваш на страната на прекршителите на сообраќајните правила. Дали е на вистинска или погрешна врата, искрено мене не ме интересира. Тука сме на форум да комуницираме. Секој има право да завземе страна и да се држи до неа.  ;)

Спин ала Курир/Инфомакс, секоја чест! Од кај заклучи дека сум застанал на страната на прекршителите!?

Напорен си дечко ко цептер да шиткаш. Во секоја можна тема те има со истата порака. Јасно е дека се случуваат глупости и гневни сме за тоа, али ти посочуваш со прст ко ние да сме криви, во случајов према мене.

Одговори ми на прашањето дали од кога ги зголемија казните се намали бројот на сторени прекршоци, пошто нели, тој став го застапуваш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #395 на: 17 Март 2017, 11:29:57 am »
Мислам дека една од причините што сообраќајот ни е во вакво очајно стање е токму казнената политика.

Think of it this way. Ти имаш плата од 500 евра. Да речеме, саглам плата (за македонски услови). Те упецуе џандар како возиш 50+ на отворено. Или 30+ низ град. Крив си. Нема бегање.

Ти натопоруе казна од 300 евра. Мајко мила, 300 евра. Повеќе од пола плата. Да не праиме муабет дека ќе ти земат и возачка најмалку три месеци, а од возачката можеби ти зависи и платата, а богами и егзистенцијата. Бидејќи си нормален човек и тие пари (а и возачката) ти требаат да преживееш, пробуваш да фатиш врски. Фаќаш врски. Ти ја снемува казната.

Арно ама.. Сега знаеш дека можеш да фатиш врски и да ти ја снема казната. И од тој момент па понатаму те боли црево за казни, прекршоци и последици.

--

Европски пример. Во Германија (ах, таа прекрасна Германија) казната за возење од 30-40 над дозволено на отворено е 120 евра, а во град 160 евра и 1 месец возачка. Сосема културно, прифатливо и пред се - платливо. И нема да ти го усере животот.

Да е кај нас казната 50 евра (наместо 300), ќе ти биде срам да фаќаш врски. Барем јас гледам така на тоа. Казнената политика треба да биде пред сè едукативна - а да бидеме искрени, не е. Треба да има бре џандари на секои 200 метра, и да се ЗАБОРАВААТ од казнување. За брзо возење, за неносење каиш, за неуклучени светла, за претрчување кај што нема пешачки, за СВЕ. Ситни казнички, 300-500-1000 денари. Ама кон-стан-тни. Си искочил од дома, не си ставил каиш „пошто во град не ти треба?“ 300 денари, сместа. Да видите како ќе се научи народ за 6 месеца. Вака возиме ко морони пошто знаеме дека шансите да бидеме упецани се 1 у 10000, и си бркаме работа.

Константни, мали казни. Без исклучок.

@SELECT Очигледно е дека казнената политика не вродува со плод, и штета е дека оној мал број на (привилегирани) особи го упропастуваат сообраќајот за сите нас. Ама и ти мораш да се согласиш дека не е све само дигај казните, дигај, у небеса, утепај го просечниот човек со казна огромна, а срањата по улиците исти.

--

EDIT

@Stratro https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_traffic-related_death_rate

Едит 2: Се молат Дева-Мариите и душебрижниците пред да напишат „ааааааааама не си требал да возиш толку брзо“ за горниот пример, да погледнат малку во огледало и да се прашаат дали никогаш, ниту еднаш во животот не надминале ограничување на брзина.
« Последно менување: 17 Март 2017, 11:38:24 am zeroSignal »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43926
  • Il Moderatore
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #396 на: 17 Март 2017, 11:35:12 am »
^ Ем мора, едноставно МОРА да се казнува неселективно. Аутотикетинг. Со фотографија, на домашна адреса со ПП50 налогче у плико. Ако не го платиш, блокажа на трансакцисите и извршител. Фала - Пријатно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #397 на: 17 Март 2017, 11:42:56 am »
Абе какви спинови и бакрачи кога е сообраќајна култура во прашање. Гледаш натопорени коли на тротоари или како прелетуваат на булевар не со 50 туку со 150 и сакаш да кажеш дека во тој момент ќе гледаш дали е некој обоен во некој медиум? Не претерувајте, секој треба да биде совесен и да внимава, а факт е дека ниту големината на казната не вродува со плод. Башка што до сега покажавме дека за некого ем правилата не важат ем законите. И после сакаме да не биде, тикви со расол ќе не биде.

Искрено мене страв ме фаќа да преминам улица.  :(
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #398 на: 17 Март 2017, 11:45:27 am »
Извини друже, за некои работи се согласуваме, за некои работи не, ама претеруваш. Да погодам, возиш точак?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #399 на: 17 Март 2017, 11:46:34 am »
Паушали, а за се над паушалите автоматика. Тоа е океј муабет.

Над 30 во град и поготово црвено мора да се санкционира во 90% од случаите.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #400 на: 17 Март 2017, 11:51:26 am »
Тебе ти е страв од возачката некултура @SELECT. И мене ми е искрено. Има многу ненормални. Сепак, проблемот што го потенцирав е драконските казни. И не само за сообраќајот, туку за СЕ. 300 евра е најмала казна, па 500, 700, 1200, 2000, 3000.  Како да се денари, ги пишуваат цeниве од ракав. Тоа е така затоа што некој изгубил одамна допир со реалноста. Мора целосна ревизија на сите закони и одлуки донесени последниве 10 години. Ништо не одговара на нашево поднебје.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #401 на: 17 Март 2017, 11:53:41 am »
Добро би било кога сообраќајните казни би биле максимум 1/3 макар и од декларираната (не реална) просечна плата вп МКД.

Така е на пример со дисциплинското казнување на ниво на работодавец кој за прекршок не смее да те казни со повеќе од 1/3 од платата која ја зимаш месечно, пред се заради причините кои ги пиша погоре.

И да..казната треба да е платлива...а не  да кошта колку еден годишен одмор.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #402 на: 17 Март 2017, 11:56:17 am »
Уште подобро со личните примања, не со просечната плата. Како во Шведска!

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #403 на: 17 Март 2017, 12:04:46 pm »
Извини друже, за некои работи се согласуваме, за некои работи не, ама претеруваш. Да погодам, возиш точак?
Неее... одам пешки. 
Ваљда имам слобода да одам пешки и да пишувам на форум?  :-[

Тебе ти е страв од возачката некултура @SELECT. И мене ми е искрено. Има многу ненормални. Сепак, проблемот што го потенцирав е драконските казни. И не само за сообраќајот, туку за СЕ. 300 евра е најмала казна, па 500, 700, 1200, 2000, 3000.  Како да се денари, ги пишуваат цeниве од ракав. Тоа е така затоа што некој изгубил одамна допир со реалноста. Мора целосна ревизија на сите закони и одлуки донесени последниве 10 години. Ништо не одговара на нашево поднебје.

180 евра + 40 негативни бода е најголемата казна за непрописно паркирање и попречување на движењето на пешаците и велосипедистите. Тоа е најголемата казна, а другите се помали од околу 25 евра.
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #404 на: 17 Март 2017, 12:07:43 pm »
Од пешаци убедливо најопасни по здравјето на возачите се пензионерите за кои не постои пешачки семафор или премин.
Може стварно он го ослободил Скопје, али сепак....