Мислам дека една од причините што сообраќајот ни е во вакво очајно стање е токму казнената политика.
Think of it this way. Ти имаш плата од 500 евра. Да речеме, саглам плата (за македонски услови). Те упецуе џандар како возиш 50+ на отворено. Или 30+ низ град. Крив си. Нема бегање.
Ти натопоруе казна од 300 евра. Мајко мила, 300 евра. Повеќе од пола плата. Да не праиме муабет дека ќе ти земат и возачка најмалку три месеци, а од возачката можеби ти зависи и платата, а богами и егзистенцијата. Бидејќи си нормален човек и тие пари (а и возачката) ти требаат да преживееш, пробуваш да фатиш врски. Фаќаш врски. Ти ја снемува казната.
Арно ама.. Сега знаеш дека
можеш да фатиш врски и да ти ја снема казната. И од тој момент па понатаму те боли црево за казни, прекршоци и последици.
--
Европски пример. Во Германија (ах, таа прекрасна Германија) казната за возење од 30-40 над дозволено на отворено е 120 евра, а во град 160 евра и 1 месец возачка. Сосема културно, прифатливо и пред се - платливо. И нема да ти го усере животот.
Да е кај нас казната 50 евра (наместо 300), ќе ти биде срам да фаќаш врски. Барем јас гледам така на тоа. Казнената политика треба да биде пред сè едукативна - а да бидеме искрени, не е. Треба да има бре џандари на секои 200 метра, и да се ЗАБОРАВААТ од казнување. За брзо возење, за неносење каиш, за неуклучени светла, за претрчување кај што нема пешачки, за СВЕ. Ситни казнички, 300-500-1000 денари. Ама кон-стан-тни. Си искочил од дома, не си ставил каиш „пошто во град не ти треба?“ 300 денари, сместа. Да видите како ќе се научи народ за 6 месеца. Вака возиме ко морони пошто знаеме дека шансите да бидеме упецани се 1 у 10000, и си бркаме работа.
Константни, мали казни. Без исклучок.
@SELECT Очигледно е дека казнената политика не вродува со плод, и штета е дека оној мал број на (привилегирани) особи го упропастуваат сообраќајот за сите нас. Ама и ти мораш да се согласиш дека не е све само дигај казните, дигај, у небеса, утепај го просечниот човек со казна огромна, а срањата по улиците исти.
--
EDIT
@Stratro https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_traffic-related_death_rateЕдит 2: Се молат Дева-Мариите и душебрижниците пред да напишат „ааааааааама не си требал да возиш толку брзо“ за горниот пример, да погледнат малку во огледало и да се прашаат дали никогаш,
ниту еднаш во животот не надминале ограничување на брзина.